„Мојот данок, за мојата општина!“

Општина Босилово како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s  и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот Леток за данок на имот .

10-ти Април, ден на општина Босилово

10 Април е датумот кога го славиме Денот на општината. Општина Босилово, за прв пат, институционално се формира во далечната 1952 година и денес одбележуваме еден мал, но за нас голем и важен јубилеј, а тоа е 70 години од формирањето на општина Босилово
Наша заедничка обврска, на градоначалникот, на општинската администрација но и на секој граѓанин поединечно, е да влијаеме, работиме и создаваме со сите сили и можности, со целиот свој капацитет, за да ја направиме општина Босилово што подобро место за живеење за сите граѓани.
Секојдневно е потребно секој од нас да го дава својот придонес за развој на културата, спортот, образованието, социјалениот и еколошкиот амбиент. Да ги нагласуваме и развиваме позитивните аспекти за развој на општината, да ја чуваме животната околина, да го чуваме онаа што е направено од генерациите пред нас, за добро на сите нас и со самото тоа ќе помогнеме кон севкупен развој на општина Босилово.
Целта на секоја локална самоуправа е подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите населени места. Општина Босилово преку реализација на бројните проекти од сите сфери на својата надлежност, таа цел постојано ја остварува. Но, и денес можеме да кажеме дека пред нас се исправени сериозни предизвици- подобрување на патната инфраструктура, обезбедување на доволни количини на чиста вода за пиење, решавање на проблемите со отпадните води, дивите депонии, и многу други.
Денес беа доделени и благодарници односно плакети на личности кои потекнуваат од општина Босилово а придонеле за развој, афирмација и промоција на нашата општина во повеќе области.

 

Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

 

 

 

 

 

 

 

Намали ја брзината!

За твоја и наша безбедност!

Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја намалат брзината бидејки се работи за здравјето и животот на секој од нас.