СИМУЛАЦИОНА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

Во рамките на проектот за „Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплави“ на река “Струмица”, во делот на Босилово, се одржа симулациона тактичко показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.
Со успешно спроведената вежба се изврши проверка на плановите за заштита и спасување на Општина Босилово и се провери соработката на институциите во системот.
И покрај успешно спроведената вежба, останува заклучокот дека е неопходно веднаш да се преземат активности за чистење на коритото на река ” Струмица” како главно корито кое ги апсорбира водите од територијата на нашата општина и пошироката струмичка котлина.
На оваа вежба беа присутни и гости од Бугарија, поточно од регион Грмен, како дел од соработката помеѓу двете Општини.
       

Извршено воведување во градежни работи за реконструкција на улици во Иловица и Штука

Извршено е воведување во градежни работи за реконструкција на улици во с.Иловица на КП бр.5137 и 3273/2 и реконструкција на улици во с.Штука на КП бр.1543/1 и КП бр.313, односно од кракот кон Иловица и Штука, и улица од Иловица кон Штука.

Општина Босилово поднесе проектна документација за обезбедување на средства од проектот за поврзување на локални патишта преку Министерството за транспорт и врски кој е финансиран од Светска банка чија цел е подобрување на инфраструктурата на локалните патишта. Градежните работи вклучуваат реконструкција на постојните патишта кои се во лоша состојба (оштетување на тротоарот, надолжни пукнатини, дупки, оштетени рабници) и чиј капацитет не може да ги задоволи потребите на локалните жители.

Градежните активности ке започнат по Велигденските празници.

Исто така овие денови ке биде извшено воведување во работа за реконструкција на локалниот пат од с.Еднокуќево до магистрален пат А4.

Конститутивна седница на локалното собрание за млади на Општина Босилово

Во просториите на информативно едукативниот центар Босилово на ден 07.05.2022 година се одржа конститутивната седница на локалното собрание за млади на Општина Босилово со кое заседаваше иницијативниот одбор каде за  претседавач е избрана Ангела Атанасова, од Културно уметничкото друштво „Кирил и Методи“-Иловица.

На конститутивната седница беше избрана и Верификациона комисија во состав:  Ана Клесова, Мите Трендов и Димче Манчев, чија задача е да го следи целокупниот процес при изборот на членовите на Локалниот младински совет.

Избрана е и комисија која до првата седница на Локалното собрание на млади има за задача да подготви Деловник за работа на Собранието. Во неа членуваат: Васил Гавровски, Љупче Стојанов и Наќе Барбутов.

Со формирањето на Локалното собрание за млади, продолжува постапката за основање на Локален младински совет, кое треба да биде претставничко тело на младите на локално ниво утврден со Законот за младинско учество и младински политики.

Задача на членовите на Локалното собрание за млади е во соработка со службеникот за млади, претставник на Општина Босилово, да распише јавен повик и да избере членови на Локалниот младински совет на Општина Босилово.

„Мојот данок, за мојата општина!“

Општина Босилово како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s  и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот Леток за данок на имот .

10-ти Април, ден на општина Босилово

10 Април е датумот кога го славиме Денот на општината. Општина Босилово, за прв пат, институционално се формира во далечната 1952 година и денес одбележуваме еден мал, но за нас голем и важен јубилеј, а тоа е 70 години од формирањето на општина Босилово
Наша заедничка обврска, на градоначалникот, на општинската администрација но и на секој граѓанин поединечно, е да влијаеме, работиме и создаваме со сите сили и можности, со целиот свој капацитет, за да ја направиме општина Босилово што подобро место за живеење за сите граѓани.
Секојдневно е потребно секој од нас да го дава својот придонес за развој на културата, спортот, образованието, социјалениот и еколошкиот амбиент. Да ги нагласуваме и развиваме позитивните аспекти за развој на општината, да ја чуваме животната околина, да го чуваме онаа што е направено од генерациите пред нас, за добро на сите нас и со самото тоа ќе помогнеме кон севкупен развој на општина Босилово.
Целта на секоја локална самоуправа е подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите населени места. Општина Босилово преку реализација на бројните проекти од сите сфери на својата надлежност, таа цел постојано ја остварува. Но, и денес можеме да кажеме дека пред нас се исправени сериозни предизвици- подобрување на патната инфраструктура, обезбедување на доволни количини на чиста вода за пиење, решавање на проблемите со отпадните води, дивите депонии, и многу други.
Денес беа доделени и благодарници односно плакети на личности кои потекнуваат од општина Босилово а придонеле за развој, афирмација и промоција на нашата општина во повеќе области.

 

Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

 

 

 

 

 

 

 

Намали ја брзината!

За твоја и наша безбедност!

Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја намалат брзината бидејки се работи за здравјето и животот на секој од нас.