,,Средба на Русалии – фолклор,,- Секирник

По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица на 27 август во Секирник се одржa осмата по ред ,, Средба на Русалии – фолклор,,.

На средбата учество земаa повеќе русалиски групи меѓу кои:

– КУД ,, Русалии,, од Секирник,

-КУД ,, Танец,, од Миравци- Гевгелија,

-Русалиската фолклорна група ,, Центар,, од Република Бугарија,

-ФА Копачка Драмче-Делчево и

-Оркестар при КУД,,Кирил и Методи,,-Иловица.

И оваа година средбата беше организирана под покровителство на општина Босилово како и Министерството за култура на Република Македонија, православен храм ,,Пресвета Богородица”– Секирник и НУЦК ,,Антон Панов”– Струмица.

Средба на проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Ључо Колев вчера оствари средба со проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен задолжени за инплементација на проектот „Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово-Грмен преку зачувување на локалните културни традиции“

На средбата се разговараше за реализираните и претстојните проектни активности.

Претставниците од двата тима исто така беа во посета на културниот дом во Секирник каде градежните активности за реконструкција на овој објект се веке во тек.

Одржана “Културна манифестација на песни и ора 2017” во с.Штука

И оваа година во населеното место Штука беше одржана третата по ред „Културна манифестација на песни и ора Кирил и Методиј – Штука 2015“. На оваа манифестација земаа учество повеќе културно уметнички друштва од земјава и КУД„Женска танцова група” од Бугарија.

Фолклорен фестивал во општина Грмен – Република Бугарија

Членови на КУД „Русалии„  – с. Секирник  и КУД „Кирил и Методија„ – Иловица на ден 21.04.2017 учествуваа на фолклорен фестивал во Република Бугарија.

Седмиот фолклорен фестивал со наслов  „Да пееме, да танцуваме„ го организира општина Грмен и традиционално се одржува секоја година во општина Грмен.
Фестивалот има интернационален карактер со учество на повеќе културно уметнички друштва од земјите на Југоисточна Европа. 

Концерт на КУД „Гоце Делчев“- Босилово

По повод денот на општина Босилово вчера на ден 09.04.2017 (Недела) се одржа целовечерен концерт на Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“- Босилово.

На манифестација свои настапи и точки имаа и: Ристе Гавровски , група „Пицикато“ и  Јовче Пандев.

„Бенли Таш“ – Камен на плодноста 2017

Река од трактори полни луѓе денеска се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Четврта година по ред, се возобновени обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион. Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај.

Потпишан договор за реконструкција на културен дом во населено место Секирник

Градоначалникот на о.Босилово Г-дин Љупчо Колев денес потпиша договор за реконструкција, доградба и адаптација на Домот на културата во населено место Секирник.

Како изведувач се јавува фирмата ДГТУП Џови Компани ДООЕЛ.

Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку interreg-IPA програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија и ќе се спроведува во општина Босилово и општина Грмен.

Вкупниот буџет на двете општини е 412.111 евра од кои 229,676 евра се за општина Босилово.

Проектот , Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово – Грмен преку зачувување на локалните културни традиции,, е петти заеднички проект што го реализираат двете општини.