ДАТУМ НА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА: 25.10.2021 

ПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: ВМРО-ДПМНЕ

ТЕЛЕФОН:078-497-346

ЕМАИЛ: ristomancev.ob@gmail.com

ПРИЕМЕН ДЕН: СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 08 ДО 16 ЧАСОТ

БИОГРАФИЈА

Ристо Манчев е роден на 14.06.1981 година, во Струмица. Основно образование има завршено во ПОУ „Маршал Тито“ – Моноспитово.  Средно образование има завршено во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, насока природно-математичка гимназија. По професија е дипломиран економист, на Економски факултет – Прилеп, насока сметководство, финансии и ревизија. По завршувањето на високото образование континуирано вложува и се ангажира во понатамошен професионален развој. Во 2010 година, добитник е на стипендија на Министерството за надворешни работи на Италија, по што во 2011 година стекнува Мастер  Диплома за Високи Европски Студии на Fondazione Collegio Europeo di Parma, а во 2013 година стекнува титула – Магистер по Високи Европски Студии на Facolta di Giurisprodenza di Parma- Italia. Поседува работно искуство од повеќе области и континуирано е активен на професионален план и во општествениот живот.  Од 2005 до 2013 година, бил сопственик и управител на  претпријатието за градежништво и трговија со градежни материјали „Н&Р Конструкција РТАН“- Моноспитово. Од 2011 до 2015 година, бил член на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП),  а од 2015 година до 2019 година  ја извршувал функцијата Секретар на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од 2019 до 2021 година, е ангажиран како административен работник во Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај тоа, од 2014 година е ангажиран како Овластен консултант на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија за изработка на бизнис планови и обезбедување на консултантски услуги за бизнис планирање,  маркетинг, истражување на пазарот, финансиско планирање, итн. Во периодот од 2013 до 2015 година, исто така бил ангажиран во реализација на проект, финансиски поддржан преку ИПА програмата  за прекугранична соработка помеѓу општина Босилово и општина Грмен –Бугарија. Учесник е на голем број научни и стручни собири, обуки, семинари и др., во земјата и странство за што поседува голем број на сертификати  и дипломи. Активно користи aнглиски и италијански јазик, поседува вештини за работа со компјутери и компјутерски  програми. Оженет, семеен човек, татко на две  деца. Поддржувач на демохристијанската идеологијa.

Животно мото: „Секој поединец  има обврска да даде личен  придонес за развој на општеството и средината во која што живее!“

НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИК:

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

-иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на Општината;

-го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;

-Го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;

-го извршува Буџетот на Општината,

-решава во управни работи за правата,обврските и интересите на правните и физичките лица,во согласност со закон;

-раководи со општинската администрација;

-донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администарција;

-одлучува за вработувањето,правата,должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација,доколку поинаку не е определено со закон;

-врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.