Територијата на општина Босилово се простира на крајниот југоисток од Република Северна Македонија и со еден дел го зазема средишниот дел на Струмичкото Поле. додека со другиот дел се издига до сртот на планината Огражден. Општината босилово се простира на површината од км2 и се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Таа граничи со соседните општини: Берово, Струмица, Василево и Ново Село.
opstinabosilovo

Општината има мошне добра географска положба. Се наоѓа на само 7км од најголемиот урбан центар во регионот, градот Струмица, со кој е поврзана со магистралниот пат А-4 кој воедно ја поврзува Општината и со граничниот премин со Република Бугарија.
Преку општината води и до регионалниот пат кон Берово, кој поминува низ планините Огражден и Малешевските Планини, преку кој се заогружува источната кружна патна магистрала.