С О О П Ш Т Е Н И Е до Ј А В Н О С Т А

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА БОСИЛОВО

Градоначалник

Број. 10-304 /3

01.03.2021 година

Босилово

Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20,), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село , и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Босилово за 2021 година со Бр.08-2516/1 од 25.12.2020година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Босилово го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е до Ј А В Н О С Т А

По Урбанистичкиот Проект со план за парцелација на ГП9.12 и ГП.9.13 Урбанистички план за дел од с.Робово,измена и дополна со зона на стопанство,Општина Босилово.

Опфатот е со површина од 2138,2м2.

Јавниот увид по Урбанистичкиот Проект со план за парцелација на ГП9.12 и ГП.9.13 Урбанистички план за дел од с.Робово,измена и дополна со зона на стопанство,Општина Босилово,ќе трае 15(петнаест) дена, сметано во деновите од 02.03.2020 до 03.16.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

ОПШТИНА БОСИЛОВО

Градоначалникот,

Зоран Зимбаков

Надлежности на градоначалникот

НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИК:

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

-иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на Општината;

-го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;

-Го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;

-го извршува Буџетот на Општината,

-решава во управни работи за правата,обврските и интересите на правните и физичките лица,во согласност со закон;

-раководи со општинската администрација;

-донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администарција;

-одлучува за вработувањето,правата,должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација,доколку поинаку не е определено со закон;

-врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.