ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на компостери

Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци,Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

  • Кандидатот да биде жител на општина Босилово;

Потребни документи за пријавување се:

1. Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на општина Босилово.

  1. Копија од лична карта/пасош;

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на maja.doncheva@rdc.mk  или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на oпштина Босилово најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Милчев Стојан – Општина Босилово

Тел: 071-998-253

Е-мејл: s.milcev@hotmail.com

 

Средба на проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Ључо Колев вчера оствари средба со проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен задолжени за инплементација на проектот „Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово-Грмен преку зачувување на локалните културни традиции“

На средбата се разговараше за реализираните и претстојните проектни активности.

Претставниците од двата тима исто така беа во посета на културниот дом во Секирник каде градежните активности за реконструкција на овој објект се веке во тек.

Меморијален турнир во стрелање „Тони Танчев“

Во селото Иловица,на падините на планината Огражден се одржа тринаесетиот по ред меморијален турнир во стрелање глинени мети ,,Тони Танчев,,.Турнирот го отвори градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев. На турнирот учествуваа повеке натпреварувачи од неколку ловечки друштва од регионот ,а се натпреваруваа во дисциплината трап.
Турнирот традиционално секоја година се одржува на 15 мај по повод верскиот празник Св.Атанасиј Велики кој воедно претставува и селска слава на селото Иловица.
Турнирот го организираше подружницата на ловното друштво ,,Гоце Делчев,,Иловица во соработка со семејството на покојниот Тони Танчев и општина Босилово.

Работен состанок со Адиент Аутомотиве

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев имаше работен состанок со дел од менаџерскиот тим на фирмата Адиент Аутомотиве Струмица поранешен Џонсон Контролс.На состанокот се разговараше за можност за вработување на граѓани од општина Босилово во оваа реномирана странска компанија.

Изградба на мост на ” Колешински канал”

При крај е со изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Бориево – општина Босилово и Колешино – општина Ново Село.
Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово.
Мостот ќе биде со должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Со изградбата на овој мост ќе реализираме уште едно барање на граѓаните од нашата општина а со тоа ќе се олесни движењето на населението од двете општини , ќе се обезбеди полесен пристап до земјоделските површини и ќе се зголеми безбедноста на ѓраѓаните.
По изградбата на мостот, општините Босилово и Ново Село ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на локалниот пат Бориево-Колешино, за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.

Координативен состанок со Euromax Resources

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев зааедно со менаџерскиот тим на  Euromax Resources одржаа координативен состанок во врска со започнувањето на активностите за изградба на инфраструктурата за потребите на рудникот.