Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Босилово аплицираше со проект за „ Реконструкција на локални улици во Општина Босилово.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)

Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на

Општина Босилово Почетна | Општина Босилово (opstinabosilovo.gov.mk) на 12.08.2022.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Формулар за поднесување коментари. 

Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти

Коментари

коментари