ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за
„Реконструкција на локален пат Турново – Иловица„
во општина Босилово
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Босилово аплицираше со проект за „Реконструкција на локален пат Турново – Иловица„ – во општина Босилово“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година официјалните веб страници на:
- Општина Босилово: https://www.bosilovo.gov.mk/
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
- МТВ: http://mtc.gov.mk/
Документи поврзани со настанот:
Контролна Листа на План за Управување со Животна Средина и Социјални Аспекти.
Формулар за Поденсување на Коментари.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.