Реализирани проекти за 2,5 години

➡️За oвие 2.5 години во општина БОСИЛОВО реализиравме голем број на проекти и докажавме дека #МОЖЕМЕ работите да ги придвижиме кон подобро
➡️Еве дел од поголемите проекти кои се реализирани:
1. Реконструираниот Дом на Културата во населеното место Секирник.
Проектот ,,Развој на туризмот во прекуграничниот регион помегу општина Грмен од Република Бугарија и општина Босилово. Вкупната вредност на проектот за двете општини е 412 316 евра, од кои 229 676 евра се за општина Босилово како водечки партнер а 182 435 се за општина Грмен.
2. Подобрување на условите за развој на алтернативниот туризам во Моноспитското Блато
За реализација на овој проект се потрошени 4.059.745,00 денари.
Проектот го спроведува Општина Босилово во соработка со Проект за локална и регионална конкурентност, финансиран од Европската Унијја и Владата на Република Северна Македонија.
3. Изградба на ,,општинската Детска градинка “во Босилово
Вкупната внатрешна површина е 350м2 и ќе згрижува од 60-70 деца. Вредноста на проектот е 19.557.000,00 денари.
4. Асфалтиран патен правец Еднокуќево Муртино,
Д=500м, вредност 1.890.000,00 денари
проект е реалириран во соработка со Центарот за развој на југоисточен плански регион
5. Асфалтирани улици Годишна програма 2018
-Еднокуќево Д= 323 м, вредност 1.037.987,00 денари
-Иловица Д=93,5м, вредност 262.738,00 денари
-Босилово Д=327,1, вредност 1.049.589,00 денари
– Бориево Д= 245 м, вредност 998.268,00 денари
6. Улица во Иловица,во месноста Сирница Д=550м, вредност 2.206.440,00 денари кои средства се обезбедени од Бирото за регионален развој во вредност од 1.800.000, 00 денари и дел од Буџетот на Општина Босилово во вредност од 406.440,00 денари
7. Бирото за Регионален развој 2019 година
– Босилово во Д=213,6 метри, во вредност од 1.001.761,00 денари
– Робово во Д=367 метри во вредност од 1.430.231,00 денари
8. АФПЗРР 2019 година
– Босилово во Д=503,75 метри во вредност од 3.539.627,00 денари
– Босилово во Д=229,25 метри во вредност од 1.467.335,00 денари
– Моноспитово во Д=267 метри во вредност од 1.664.391,00 денари
– Еднокуќево во Д=280 метри во вредност од 1.310.654,32 денари
8. Улици асфалтирани од Буџетот на Општина Босилово 2019 година
– Радово во Д=235 метри во вредност од 925.411,76 денари
– Робово во Д=209 метри во вредност од 793.443,95 денари
– Моноспитово во Д=326 метри во вредност од 1.238.228,00 денари
– Сарај во Д=141,3 метри во вредност од 561.797,67 денари
– Дрвош во Д=141 метар во вредност од 688.143,00 денари
Од буџетот на општина Босилово за асфалтирање на овие улици се потрошени вкупно 4.207.024,38 денари
9. Асфалтирање улици со средства обезбедени од буџетот на општина Босилово и Јавното претпријатие за државни патишта
Гечерлија во Д=260 метри во вредност од 1.121.805,00 денари
Турново во Д=185,5 метри во вредност од 574.765,00 денари
Иловица во Д=95 метри во вредност од 312.868,36 денари
Босилово крак 1 во Д=160 метри во вредност од 628.745,00 денари и крак 2 во Д=110 метри во вредност од 405.811,00 денари
Петралинци во Д=270 метри во вредност од 1.068.713,00 денари
Бориево во Д=337 метри во вредност од 1.347.416,00 денари
Штука во Д=254 метри во вредност од 831.176,80 денари
За асфалтирње на предвидените улици потребни се 6.291.301,00 денари од кои 2.363.318,00 се планирани средства од Јавното претпријатие за државни патишта, а остатокот во висина од 3.927.983,00 денари од Буџетот на општина Босилово
10. За одржување на патиштата и пополнување на ударните дупки:
-во 2018 година се издвоени средства во висина од 301.445,00 денари,
-во 2019 година се издвоени средства во висина од 583.598,00 денари.
11. Од Министерството за земјоделие преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се обезбедени средства за тампонирање на пристапни патишта до земјоделски површини во:
-Бориево во должина од 465 метри во вредност од 294.080,00 денари,
– Моноспитово во должина од 250 метри во вредност од 158.288,00 денари,
-Босилово во должина од 320 метри во вредност од 202.292,00 денари и
– Гечерлија во должина од 360 метри во вредност од 227.567,00 денари.
12. Од Буџетот на општина Босилово за тампонирање на улици во населените места Иловица, Старо Бладовци, Бориево и Штука се потрошени 622.447,3 денари.
13. Обезбедени 95 големи метални контејнери од фондовите на Еропската Унија преку програмата за развој на УНДП грант во износ од 26.000,00 евра
14. Преку проектот „Набавка на универзални ровокопачи – натоварувачи за потребите на руралните општини“ еден ровокопач е доделен на општините Босилово, Василево и Ново Село кои ќе го користиме заеднички. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Средствата се обезбедени од Европската унија
15. Со помош на министерството за труд социјала и владата на Република Северна Македонија пензионерите и старите лица од Босилово добија современ клуб за згрижување и дневен престој во вредност од 600.000,00 денари
16.Изградба на локалниот пат Бориево-Колешино-фаза 1,во должина од Д=2 200м,ширина на асфалт Л=5м.и банкини 2х0,5м во вредност од 8.995.095,00 денари без ДДВ
Проекти што следуваат:
-Изградба на локалната улица во Моноспитово,на локација, позади самопослугата,,Масон”- према јужната страна “,во должина од Д=325м е одобрена за финансирање
-Се врши гребање на магистралниот пат А4 со ,,Wirtgen” на потегот ,,Турновска кривина-Босилски мост”, материјалот од гребениот асфалт ке го искористиме за наспување на локални патишта и улици
– Проектот Брана Чаушица со кои нови 85 хектари земјоделска површина ќе бидат наводнувани од оваа брана,со вкупна должина на затворениот систем од Д=6,5км. Вредноста на проектот е 465.000 евра обезбедени преку Европските фондови а по апликација од Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство,како мали нискотрошковни хидросистеми за наводнување. Најголем бенифит од водите на оваа брана ќе имаат жителите на населеното место Дрвош и комбинатот Агролозар од Хамзали.
– Средства за реализација за Изградба на локалниот пат Бориево-Колешино има обезбедено и за втората фаза,се до конечното поврзување со мостот на реката Водочница(Моноспитски канал). Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Владата на Р.С.Македонија преку БРР а имплементирани преку Центарот за Развој на Југоусточниот Плански Регион.
-Целосна рекострукција на ОУ,,Кирил и Методиј” во Радово
-Изградба на локални улици и патишта во сите населени места во вредност од 17.000.000 денари средства обезбедени од сопствен буџет
– Изградба на локални улици и патишта во сите населени места во вредност од околу 630.000 евра средства обезбедени од Сведска Банка преку Министерство за транспорт и врски

Соопштение 20. 05. 2020 година

СООПШТЕНИЕ
Им се соопштува на граѓаните од населеното место Иловоца,дека на ден 20. 05. 2020 година, среда, поради технички зафат ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРИТЕ, ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 8.00 часот до 15.30 часот.
ГИ МОЛИМЕ ГРАЃАНИТЕ ЗА РАЗБИРАЊЕ.

Соопштение

Вашето име и презиме
Вашата емаил адреса
Опишете кој е Вашиот повод за пишување (пофалба, критика, пријава на проблем, предлог и сл.)
Scan_20200520_082928

СООПШТЕНИЕ

Известување!

-Согласно новите мерки на Владата за дополнителните ограничувања на движењето, Општинскиот кризен штаб на општина Босилово ги информира економските оператори (маркети и ресторанти за достава на храна) на територијата на општина Босилово, кои сакаат и ги исполнуваат условите да работат за време на полицискиот час,за деновите 18,19,20 да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Босилово.

-Барањето треба да е пополнето, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице и истото треба да се достави до архивата на општина Босилово најдоцна до 16.04.2020година, (четврток) до 11часот.

-Дозволите за работа се издаваат после нивното разгледување,најкасно четврток до 13:00 часот.
Работата на сите пријавители, треба да биде исклучиво преку нарачки по телефон или интернет а доставата на продуктите искличиво до домот на нарачателот.

– Контактите на економските оператори кои ќе побарат и добијат дозвола за работа за време на полицискиот час ќе бидат евидентирани во МВР Струмица а објавени на официјалниот веб сајт на општина Босилово и на општинската ФБ страна.

-Исто така повторно ги известуваме сите земјоделци,кои што не се евидентирани во ЕРЗС ситемот при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство а имаат потреба од извршување на земјоделски активности,во погоре наведените денови ,телефонски да го известат општинскиот кризен штаб еден ден однапред најдоцна до 20 часот,при тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

За сите информации граѓаните може да се обратат на телефонски броеви:

+38976468959
+38978436237 Во прилог,Барање за дозвола за работа за време на полициски час.

Дежурни маркети

дежурни маркети и ресторани на територијата на општина Босилово за време викендот 11 и 12 април 2020 г. работно време од 08-19 часот. Исклучиво за порачка по телефон и електронски со директна достава.

Јавен повик

Општинскиот кризен штаб при општина Босилово ги повикува сите продавници / маркети на територијата на општина Босилово на доброволна основа да се пријават да работат за време на викендот 11 и 12 април од 8 до 19 часот, за време на 24 забрана за движење(полициски час), да вршат директна достава на најнeопходните намирници до граѓаните по претходно примена нарачка по телефон или електронски..

Продавниците / маркетите коишто ќе се пријават од страна на општинскиот кризен штаб ќе добијат дозвола за работа како и дозвола за движење, за време на забраната, за нивен вработен/волонтер кој ќе врши директна достава врз основа на телефонска ии електронска нарачка .

 

Пријавувањето ќе се врши со пополнување на барање за дозвола.

Барањето може да се поднесе лично во општина Босилово или пак електронски.

Рок за поднесување најдоцна до четврток 09.04.2020 до 13.00 ч.

лично во општина Босилово или на емаил адреса: opstinabosilovo1@gmail.com.

Информации на 034-371-600, 075-665-816, 075-229-173, 078-436-237.


Општинскиот кризен штаб ќе достави листа на пријавени продавници/маркети и листа на лица кои ќе вршат достава во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено извршување на доставата за време на забраната за движење.

СИТЕ економски оператори ( продавници/маркети) треба да поднесат барање со следните податоци:

– за фирмата– назив, адреса на седиште , даночен број , контакт телефон, име и презиме на управителот, ЕМБГ, адреса , контакт тел.

– за Продавницата / маркетот– назив , адреса , контакт

– за вработениот или волонтерот — име и презиме на за достава, адреса, ЕМБГ, контакт.


Дозволи ке се издаваат најмногу за двајца во еден маркет.

Ве молиме за навремено да поднесете барање, за да се издаде навреме

дозволата.

09.04.2020 г. ОПШТИНА БОСИЛОВО

Босилово Општински кризен штаб

Командант

ЗОРАН ЗИМБАКОВ