Општина Босилово објавува и известува на заинтересираната јавност дека е изработена Финална Нацрт Верзија –  Локален Еколошки Акционен План ЛЕАП 2 на Општина Босилово за период 2024 – 2029 г согласно постоечката законска регулатива член 69 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр:53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14,  44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ бр.89/22 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), ЛЕАП- от е достапен за јавен увид на веб страницата на Општина Босилово.

Затоа ги молиме  сите заинтересирани страни, доколку имаат забелешки, предлози и мислења во врска со Финална Нацрт Верзија –  Локален Еколошки Акционен План ЛЕАП 2 на Општина Босилово за период 2024 – 2029 г, да ги достават до Општина Струмица во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација, односно во период од 15.03.2024 до 15.04.2024 год. Истите можете да ги испраќате на е-маил: jasnavasileva@yahoo.com или вo Просториите на Општина Босилово, секој работен ден од 08.00-16.00 часот.

ЛЕАП – нацрт верзија.

Коментари

коментари