Ј А В Е Н П О В И К

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на Република Македонија бр.209/2018 од 15.11.2018 година, Градоначалникот на општина Босилово објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

Со овој повик се повикуват сите доверители на општина Босилово и единките корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во општина Босилово со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Пријавата треба да содржи целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на доверителот, телефон за контакт и маил адреса, односно фотокопија од лична карта и телефон за контакт и маил адреса, за физички лица и сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на нејзината обврска.

Со пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Босилово или за единките корисници, доверителите треба да достават:

  • Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оригинал иливо копија заверена на нотар,

  • Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања или

  • Правен основ врз основа на кој настанала обврската (решение, пресуда, извршна исправа и сл.).

Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските на општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријаваат, ќе бидат дополнително известени.

По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 15 дена, и започнува да тече од наредниот ден од денот на објавување на повикот.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на општина Босилово, на веб страната на општина Босилово и во едно јавно гласило/медиум.

Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на општина Босилово с.Босилово бб, 2431 Босилово, со назнака за „Јавен Повик 01/2018 за пријава на доверители“, или по пошта со препорачана пратка.

Ненавремените пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

Бр.09-3018/1 Општина Босилово

11.12.2018 година Градоначалник

Босилово Зоран Зимбаков

Завршен уште еден проект од ИПА програмата

Соработката со општина Грмен, општина од соседна Бугарија со која општина Босилово заеднички учествува за прекугранична проекти, по четврт пат, се покажа успешна.Се работи за проектот ,,Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово – Грмен, преку зачувување на локалните културни традиции.

Соработката со општина Грмен, општина од соседна Бугарија со која општина Босилово заеднички учествува за прекугранична проекти, по четврт пат, се покажа успешна.Се работи за проектот ,,Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово – Грмен, преку зачувување на локалните културни традиции.

Градоначалникот на општина Босилово,имаше посета на градот Обзор Република Бугарија,по повод деновите на општината.

Обзор го слави денот кога Православната Црква го слави раѓањето на Св.Јован Крстител, а народот -Ењовден. При оваа посета двајцата градоначалници Зоран Зимбаков и Христо Јанев, потпишаа и Меморандум за збратимување и соработка. „Со овој меморандум ќе се разменат искуства и ќе се реализираат некои проекти во сферата на културата, спортот но и во други области.

Во недела ќе се изврши првото авионско прскање против комарци

Општина БосиловоЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од 5.741 хектари.
Се известуваат граѓаните на општините Ново Село ,Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Богданци, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 17.06.2018 година (недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Проект: Унапредување на условите за развој на алтернативниот туризам на локалитетот Моноспитовско Блато.

ПУЖС – Албански јазик ПУЖС – Англиски јазик ПУЖС – Македонски јазик Формулар за доставување на коментари – Aлбански јазик Формулар за доставување на коментари – Македонски јазик Формулар за доставување на коментари -Англиски јазик

Работна конференција

Општина Босилово

Локален совет за превенција

Работна конференција

05.04.2018

 

Дневен ред

13:00 Пристигање на учесниците

13:00-13:05 Отварање на работна конференција на ЛСП на општина Босилово

13:05-13:15 Обракање на началникот на СВР Струмица г-дин Танчо Пројковски

13:15-14:45 Презентација на ЛСП/ улогата на градоначалникот, важноста на полициското работење во зедницата – искуства и практики

 Началник на отсек за превенција – Хризантема Рендевска

14:45 – 15:00   – Дискусија

Со почит,

Општина Босилово

Градоначалник

Зоран Зимбаков

Продолжува реализацијата на акцискиот план за чистење на одводните канали во Општина Босилово.

Проектот за чистење на одводните канали е во соработка на АД Водостопанство на Република Македонија и Општина Босилово.Во моментов се чисти каналите во населеното место Турново. Но не застануваме тука продолжуваме со проектот и ќе се чистат каналите во сите населени места од Општина Босилово.

Проект – Намалување на емисиите на СО2 во ООУ Гоце Делчев с.Босилово со користење на биомаса

На ден 25.12.2017 година во просториите на ООУ Гоце Делчев с.Босилово  се одржа  завршен настан-промоција на проектни активности во рамките на проектот Намалување на емисиите на СО2 во ООУ Гоце Делчев с.Босилово со користење на биомаса.

Проектот се реализираше во периодот од месец јануари до  месец декември 2017 година и истиот беше финансиран од Глобален еколошки фонд (ГЕФ) Програма за мали грантови во Македонија, општина Босилово а реализиран од Здружение Центар за едукација и одржлива развој с.Иловица.

Преку проектот  во училиштето инсталирани се два котли на пелети  и од оваа грејна сезона   наместо нафта како енергенс за загревање се користат пелети.

Пред присутните на настанот (наставници, ученици и др.) беа презентирани и дигитална сликовница и студија на случај.Дигиталната сликовница беше изработена од текстови и цртежи на ученици од I до V одделение на тема енергетска ефикасност.

На присутните на настанот, како и на останатите ученици и наставници им беше поделен и  промотивен материјал со подетални податоци за проектот.