Мониторинг и еваулација на имплементацијата на проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово”

Во врска со проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово” , финансиран од Грант средства обезбедени од Европската унија преку ИПА предпристапните фондови, администрирани според правилата на Светска Банка,во просторијата на општина Босилово се одржа состанок на кој присуствуваа Mark Barett-тим лидер на проектот и Nedzat Bajrami-експерт инженер ,претставници на компанијата изведувач,компанијата надзор и Градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев со неговите соработници.

Целта на состанокот беше евалуација и мониторинг на имплементацијата на проектот.

Градоначалникот Љупчо Колев оствари средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ

Градоначалникот на о.Босилово Љупчо Колев  имаше средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ ,господинот Ulas Goktas и Ziya Saidov зад која стои турски капитал и која во нашиот регион планира изградба на акредитирана лабораторија која за основна цел ќе има соработка со компаниите и индивидуалните земјоделски производители со цел осовременување на земјоделското производство.

Претставниците на компанијата ги изложија своите планови а од страна на Градоначалникот добија ветување дека општина Босилово ќе им обезбеди целосна логистичка подршка во нивните активности.

Крводарителска акција во општина Босилово

Денес во просториите на Младинскиот едукативен центар во с.Босилово во организација на Црвен Крст – Струмица и Заводот за трансфузиологија се одржа редовна крводарителска акција за граѓаните од општина Босилово. Хуманоста овојпат ја покажаа 32 крводарители. Општина Босилово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.

Средба на проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Ључо Колев вчера оствари средба со проектните тимови од општина Босилово и општина Грмен задолжени за инплементација на проектот „Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово-Грмен преку зачувување на локалните културни традиции“

На средбата се разговараше за реализираните и претстојните проектни активности.

Претставниците од двата тима исто така беа во посета на културниот дом во Секирник каде градежните активности за реконструкција на овој објект се веке во тек.

Одржана “Културна манифестација на песни и ора 2017” во с.Штука

И оваа година во населеното место Штука беше одржана третата по ред „Културна манифестација на песни и ора Кирил и Методиј – Штука 2015“. На оваа манифестација земаа учество повеќе културно уметнички друштва од земјава и КУД„Женска танцова група” од Бугарија.

„Да ги споделиме нашите сличности, а да ги славиме различностите“

На ден 18 мај 2017 год. учениците од ПОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Турново беа во посета на Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ – Гевгелија под мотото „Да ги споделиме нашите сличности, а да ги славиме различностите“. Учениците со своите драмски претстави ги развеселија децата од Центарот и заедно споделија мигови на радост и насмевки.