Почитувани сограѓани,
Ве известувам дека на ден 06.11.2019 година (среда) од 08:00 до 16:00 часот ,,ЕВН Македонија”, ќе се извршува редовна инспекција на регилационите преклопки на енергетскиот трансформатор во ТС 110/10 kV Сушица, и поради истиот технички зафат ,без напојување ќе остане и дел од општина Босилово, поточно населените места: Бориево, Моноспитово, Турново, Секирник, Штука, Иловица.
Членови од Здружемието на пензионери од Кметството Обзор, Република Бугарија, денес ќе допатуват во повеќедневна возвратна посетат на општина Босилово. Домаќини се членовите на Здружението на пензионери од Општина Босилово.
Општина Босилово и Кметството Обзор, кои се збратимени и чија повеќегодишна соработка се оценува како пријателска со заеднички желби за унапредување во сите полиња, особено за опстојувањето и функционирањето на Здруженијата .
На повеќедневната средбата помеѓу двете здруженија, гостите меѓу другото ќе посетат повеќе населени места, но ќе се разменат и искуства и за работата на двете здруженија.
Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.
Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.
За таа цел во рамките на проектот објавен е повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Можност да се јават на повикот имаат производителите на овошни култури (сливи, јаболка и круши) и градинарски култури (пиперки и домати) од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
За учество на обуките планирано е да се изберат 40 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 60 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.
Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 50 грантисти, 20 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 30 производители на градинарски култури (од сите 6 општини).
Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.
Обуките ќе се организираат во периодот мај/јуни 2019 – октомври/ноември 2019 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2019 година или јануари 2020 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.
Крајниот рок за пријавување е 30 април 2019 година.
Интерен оглас бр.01/19 за пополнување на работно место со унапредување
1.Раководител на оделение за внатрешна ревизија, со шифра УПР0101Б04000, ниво Б04 во Одделение за внатрешна ревизија 1 (еден) извршител.
Интерен оглас број 01/19 за пополнување на работно место со унапредување
1.Раководител на одделение за внатрешна ревизија, ос шифра УПР0101Б04000, ниво Б04 во Одделение за внатрешна ревизија 1(еден) извршител.
На ден 16.01.2019 (Среда) од 09:00 до14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица и Општина Босилово организира акција за дарување на крв во Босилово. Се повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат во Центар за млади во с.Босилово. Да ја почнеме годината хумани како што ја завршивме
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.