СООПШТЕНИЕ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци:
1. Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.
2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.
3. За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.
4. Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.
5. Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.
6. Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).
7. Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.
8. Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
9. Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.
10. Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.
11. Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
12. Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.
13. Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.
14. Да се зајакне присуството на волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.
15. Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.
16. Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.
17. Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.
18. Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.
19. Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.

Работилница за едукација на земјоделските производители

Во организација на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на РСМ и „3Д Проект Студио“ на 06.03.2020 во општна Босилово со почеток во 15 часот се одржа информативен ден за ИПАРД финансирачките можности, мерка 1.

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата. Станува збор за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Овој повик им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

Подобни корисници се:

Земјоделско стопанство:

Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство);
Индивидуален земјоделец – ИЗ;
Правно лице;
Задруги

2. Приоритетни сектори се:

Растително производство

Житарици, индустриски култури, фуражни култури, градинарство (вклучувајќи и компир), повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрва за производство на мед), лозја.

Сточарско производство

Говедарство (млечно говедарство, гоење), свињарство (репродукција, гоење), овчарство и козарство (млечно овчарство/козарство, гоење), живинарство ( производство на месо – бројлери, кокошки носилки).

Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство

Млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури, жита, мелнички производи и производи од скроб, растителни и животински масла и масти, шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет и сточна храна и фуражни култури.

Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

Обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или био горива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

3. Прифатливи инвестиции

Конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објекти;
Конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи;
Набавка на повеќегодишни растенија;
Набавка на нови машини и опрема;
Објекти и опрема за наводнување;
Набавка на специјализирани транспортни приколки;
Инфраструктура на земјоделско стопанство.
4.Висина на финансиската поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:

65% за инвестиции во земјоделски стопанства реализиарани од страна на млади земјоделци;
70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
Финансиската поддршка ќе се зголеми за 10 % за:

Инвестиции кои се однесуваат на системи складирање и управување со арско ѓубре;
Инвестиции за подобрување на ефикасноста од употребата на азотни ѓубривa и сл;
Инвестиции во објекти/опрема, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност;
Инвестиции во објекти/опрема за производство на био-енергија;
Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од другите обновливи извори за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделско стопанство;
Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација.
Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 3.000 €.

Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по еден корисник изнесува 1.500.000 €

за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 1.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализиарни (исплатени на корисникот).

Подетални информации во однос на рокот и начинот на аплицирање, услови и сл. може да се најдат на следниот линк: http://ipard.gov.mk

Соопштение

Почитувани,

Ви се обраќам со барање за изнајмување на сала за состаноци –конгресна
сала за 40 лица, за организирање на еднодневен настан-инфо ден IPARD
2014-2020, во организација на 3Д Проект Студио и Министерство за
земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ,  на ден 06.03.2020
(петок) во 15:00 часот во Општина Босилово.
Накнадно ќе Ви испратам и агендата за настанот.
Ве молам за потврда.

Однапред Ви благодарам,
3Д Проект Студио

+389 75 685.616
+389 2 3225.202

Детска градинка

Со предвидената динамика течи изградбата на детската градинка во Босилово. Деновиве се привршуват градежните работи околу вградување на електричната инсалација и аломониумската столарија. Овој современ објект ќе биде со капацитет од 60 до 80 дечиња. Инаку оваа градинка е прва во Босилово.

СООПШТЕНИЕ!

Се замолуват сите даночни обврзници (физички и правни лица) од Општина Босилово кои не го подмириле својот долг за данок на имот и комунална такса за фирмарина, тоа да го направат во најкраток можен рок најдоцна до 31.12.2019 година.

Со редовното и навремено плаќање на долговите се избегнуваат дополнителни трошоци во случај да бидеме принудени данокот на имот и комунална такса за фирмарина да ги наплатиме присилен пат.

Благодарам на разбирањето.                                                                             Општина Босилово

Градоначалник Зоран Зимбаков

ОПШТИНА БОСИЛОВО ДОБИ НОВ ГРАНТ

Со овој нискотрошковен, еколошки систем за наводнување, кој е финансиран од Европската Унија, ќе се наводнуват 85 хектари обработливо земјиште во атарот на село Дрвош. Инаку општина Босилово е една од двете општини во Македонија која го има добиено овој грант. Проектот се спроведува и реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,веке е избран и изведувач на градежните работи а реализацијата се очекува да започне кон крајот на месец Јануари.

Триесет и трета седница на Советот на општина Босилово

Д н е в е н р ед :

1.Разгледување и усвојување на записникот од 32 седница на Советот на општина Босилово,одржана на 30.10.2019 година.

2.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Босилово за 2019 година.

3.Предлог-одлука за приоритетна изведба на техничка докуметација за Проект-„Канализациона мрежа во населените места Иловица и Штука“.

4.Предлог-Програма за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Босилово за сезоната 2019-2020 година.

5.Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување финансиски средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на Општинските патишта и улици во општина Босилово.

6.Предлог-Програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Босилово за 2020 година.

7.Предлог-одлука за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот.

8.Предлог-Годишен План за обуки на административните службеници за 2020.

9.Предлог-План за изработка на урбанистички планови во општина Босилово за 2020 година.

10.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за давање на времено користење без надомест на недвижни ствар –простор на Министерството за труд и социјална политика-Скопје,меѓуопштински центар за социјална работа-Струмица.

11.Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-деловен објект-чуварска куќа на к.п.бр.2336 во КО Иловица.

12.Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-деловен објект-чуварска куќа на к.п.бр.247 во КО Хамзали.

13. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-станбен објект на к.п.бр.347 во КО Хамзали.

14.Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотеците во с.Моноспитово за изработка на Урбанистичли план на с.Моноспитово.

15. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на суводолици во с.Дрвош за изработка на Урбанистичли план на с.Д рвош.  16.Предлог-заклучок за задолжување на комуналниот инспектор во општина Босилово на сите јавни површини на територијата на општина Босилово да постави табли „Забрана за фрлање на смет“.

17.Разгледување на барања за финансиска помош до Советот на општина Босилово.

18.Советнички прашања.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Општина Босилово во партнерство со Црвен крст Струмица ќе организира БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ/КИ на СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И ИНВАЛИДИ.

Обуката ќе се спроведува во просториите на Црвен крст Струмица и ќе трае 3 месеци.

СЕ ПОВИКУВААТ сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат бесплатана обука за негуватели на стари и изнемоштени лица и инвалиди и да се стекнат со верификуван сертификат, ДА СЕ ПРИЈАВАТ во општина Босилово,секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот најдоцна до ЧЕТВРТОК 28.11.2019 ГОДИНА.После добивање на лиценцата ќе се понуди можност лицата да се вработат на територијта на општина Босилово како негуватели.Заинтересираните кандидати на самата обука можат подетално да се информираат за се што ги интересира во врска со склучувањето на договор за работа-услови,плата,динамика на работа и слично. ….

Тринаесетата седница на Југоисточниот плански регион

Вчера присусрвував на тринаесетата редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците или нивни претставници од сите десет општини во регионот. Покрај одлуките донесени на Советот, беше презентиран и проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, проект кој е во фаза на имплементација.