Во селото Иловица,на падините на планината Огражден се одржа тринаесетиот по ред меморијален турнир во стрелање глинени мети ,,Тони Танчев,,.Турнирот го отвори градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев. На турнирот учествуваа повеке натпреварувачи од неколку ловечки друштва од регионот ,а се натпреваруваа во дисциплината трап.
Турнирот традиционално секоја година се одржува на 15 мај по повод верскиот празник Св.Атанасиј Велики кој воедно претставува и селска слава на селото Иловица.
Турнирот го организираше подружницата на ловното друштво ,,Гоце Делчев,,Иловица во соработка со семејството на покојниот Тони Танчев и општина Босилово.
Општина Босилово започна со реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните улици и патишта за 2017 година.
При крај е со изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Бориево – општина Босилово и Колешино – општина Ново Село.
Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово.
Мостот ќе биде со должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Со изградбата на овој мост ќе реализираме уште едно барање на граѓаните од нашата општина а со тоа ќе се олесни движењето на населението од двете општини , ќе се обезбеди полесен пристап до земјоделските површини и ќе се зголеми безбедноста на ѓраѓаните.
По изградбата на мостот, општините Босилово и Ново Село ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на локалниот пат Бориево-Колешино, за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.
Членови на КУД „Русалии„ – с. Секирник и КУД „Кирил и Методија„ – Иловица на ден 21.04.2017 учествуваа на фолклорен фестивал во Република Бугарија.
Локалниот совет за превенција. на општина Босилово денес со почеток во 11 часот одржи редовен состанок.
Тема на состанокот беше: „Превенција и заштита од пожари„. На состанокот беа присутни претставници на повеќе државни и локални институции:
– Министерство за внатрешни работи на РМ – Сектор за внатрешни работи Струмица
– Центар за управување со кризи – Струмица
– Дирекција за заштита и спасување – Струмица
– Територијална противпожарна единица – Струмица
– ЈП Македонски шуми – Шумско стопанство Беласица – Струмица
– ВП Струмичко Поле – Струмица
– Ловно друштво Гоце Делчев – Босилово
– ООУ Кирил и Методија – Иловица
– ООУ Борис Трајковски – Моноспитово
– ООУ Гоце Делчев – Босилово.
Денес во посета на општина Босилово беа учениците од четврто одделение од ООУ „св.Кирил и Методиј“ Иловица. На оваа посета тие се запознаа со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, и со дел од општинската администрација. На средбата учениците беа запознаени со начинот на функционирање на општината, со дел од задачите и обврските кои таа ги има како и задачите на градоначалникот. Истите беа запознаени и со работата на Советот на општина Босилово, го разгледаа културно едукативниот центар за млади во Босилово како и сите канцеларии и одделенија во општинската зграда. Дел од учениците имаа и одредени прашања за градоначалникот при што добиа и соодветни одговори.