Јавен повик за набавка на мини багер RFQ 682-2025 кој се спроведува преку UNDP

RFQ 682-2025 for Procurement of Mini Excavator for Bosilоvo

Procurement Process

RFQ – Request for quotation

Office

UNDP-MKD – Republic of North Macedonia

Deadline

06-Nov-25 @ 08:00 AM (New York time)

Published on

23-Oct-25 @ 12:00 AM (New York time)

Reference Number

UNDP-MKD-00682

Contact

Procurement Official – procurement.mk@undp.org

This specific tender is managed via the new supplier portal system of UNDP Quantum. If you are interested in submitting a bid for this tender, you must subscribe following the instructions in the user guide. If you have not registered a profile with this system, you can do so by following the link for Supplier Registration.

If you already have a supplier profile, please access the negotiation using quicklink or please login to the Supplier Portal, then search for the negotiation using the reference number UNDP-MKD-00682, following the instructions in the user guide.

Introduction

Interested suppliers must submit their offer directly in the system as instructed in the solicitation document, following the instructions in the available user guide. In case you have never registered before, you can register a profile using the registration link shared via the procurement notice and following the instructions in guides available in the UNDP website: https://www.undp.org/procurement/business/resources-for-bidders. Do not create a new profile if you already have one. Use the forgotten password feature in case you do not remember the password or the username from previous registration.

Search for the specific tender using search filters and subscribe to the tender in order to get notifications in case of amendments of the tender document. If you need support with the online system, you can contact the contact details of this tender as indicated in the solicitation document.

UNDP , North Macedonia

Documents :

Negotiation Document(s) (Before Accessing other negotiations Document(s), please click on this link)

LINK

„АЈВЕРИЈАДА 2025“

Општина Босилово и оваа година ќе ја организира веќе традиционалната манифестација Ајверијада“.

Истата ќе се одржи на 28.09.2025 година (недела) во центарот на с.Босилово.

Заради навремено организирање на активностите околу овој настан ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакат доброволно да се вклучат во манифестацијата односно во подготовката на ајварот (печење, лупење, мелење и пржење на пиперки и модри патлиџани) да се пријават во општината за да се формират тимови за подготовка на ајвар.

Исто така Општина Босилово ги повикува сите граѓани на општината кои сакаат да продаваат сопствени домашни производи ( мед, млечни производи, ајвер, пиперки, патлиџани и слично) да се пријават во општина Босилово. Ќе биде обезбедена посебна локација во форма на продажни штандови.

Пријавувањето трае најдоцна до 21.09.2025 година на телефонските броеви: 071-307-887, 071-634-327

Апликација за волонтери ЕМОФ 2025 Скопје

Ни претставува особена чест да го поздравиме Македонскиот Олимписки Комитет кој како организатор на овогодинешното издание на ЕМОФ Скопје 2025 од 19.07. до 26.07.2025 година во Скопје и Куманово ќе ја обедини младинската спортска елита од цела Европа. Фестивалот на едно место ќе обедини повеќе од 4000 учесници од 48 европски држави и регионот, голем број на домашни и странски гости како и повеќе од 900 волонтери.
Овој мулти-спортски олимписки настан е одлична можност Македонија да биде домаќин на младите спортисти од цела Европа и да го претстави својот младински спортски потенцијал пред широката публика која го следи овој фестивал.
Со цел успешна реализација на фестивалските активности потребна е и поддршката од најважниот сектор за секој настан – волонтерите. Организаторите волонтерите ги сметаат за срцето на овој фестивал, повикот за аплицирање за волонтер на ЕМОФ Скопје 2025 е веќе отворен!
Во знак на поддршка ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат во овој спортски спектакл и да ја поднесат својата апликација за волонтер!
Заинтересираните може да аплицираат на следниот линк:
Повеќе информации за отворениот повик може да најдете на официјалните канали на фестивалот @skopje_2025, каналите на Македонскиот Олимписки Комитет @Macedonianolympics.

Покана за Четврта форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“

           

Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во четвртата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 7-ми Февруари (петок) со почеток од 16 и 30 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово. Транспарентно и одговорно, на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба  да бидат финансирани преку оваа програма.

Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Покана за Трета форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“

           

Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во третата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 17-ти Јануари (петок) со почеток од 16 и 30 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово. Транспарентно и одговорно, на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба  да бидат финансирани преку оваа програма.

Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Покана за втора форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“

           

Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 6-ти Декември (петок) со почеток од 16 и 30 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово. Транспарентно и одговорно, на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба  да бидат финансирани преку оваа програма.

Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Општина Босилово дел од кампањата „Општина на дланка“

Општина Босилово се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Преземи pdf информатор за кампањата „ОПШТИНА НА ДЛАНКА“

Покана за прва форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“

           

Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во првата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток од 16 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово. Транспарентно и одговорно, на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба  да бидат финансирани преку оваа програма.

Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

ДНЕВЕН РЕД

СИМУЛАЦИОНА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

Во рамките на проектот за „Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплави“ на река “Струмица”, во делот на Босилово, се одржа симулациона тактичко показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.
Со успешно спроведената вежба се изврши проверка на плановите за заштита и спасување на Општина Босилово и се провери соработката на институциите во системот.
И покрај успешно спроведената вежба, останува заклучокот дека е неопходно веднаш да се преземат активности за чистење на коритото на река ” Струмица” како главно корито кое ги апсорбира водите од територијата на нашата општина и пошироката струмичка котлина.
На оваа вежба беа присутни и гости од Бугарија, поточно од регион Грмен, како дел од соработката помеѓу двете Општини.
       

ЗАЕДНИЧКИ АКЦИОНЕН ПЛАН Проект: “Ефикасна превенција и ублажување на последиците од поплави во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“

Заедничкиот акционен план е активност што ја спроведуваат двете страни – партнери во проектот – општина Грмен, област Благоевград, Република Бугарија и општина Босилово, Југоисточен регион, Република Северна Македонија, во рамките на проект финансиран од Европска Унија, во согласност со правилата на Interreg (Интеррег) – IPA II CBC програма Бугарија – Северна Македонија, назив на проектот: “Ефикасна превенција и ублажување на последиците од поплави во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“. Проектот е кофинансиран од национални средства од двете држави – бугарската влада, во однос на општина Грмен (Страната партнер 1 во рамките на Проектот) и Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија, во однос на општина Босилово (Страната партнер 2 во рамките на Проектот). Управувачкиот орган (УО) на проектот е бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи (МРРЈР) според Договорот за субвенционирање бр. РД 02-29- 232/29.09.2022 г., во рамките на програмата Интеррег – IRA II Програма за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија – Северна Македонија.
Овој Заеднички акционен план е изготвен од изведувач на услугата наведен од Водечкиот партнер (РР1) – Општина Грмен, според договор за услуги бр. 102 / 28.04.2023 г., склучен по единствена тендерска постапка, според општите правила на PRAG за Interreg – IPA II CBC Бугарија-Северна Македонија. Во моментот на изготвување на овој Заеднички акционен план, двете Страни-партнери истовремено започнаа со реализација на малите инвестиции предвидени со Договорот за субвенционирање, а поточно градежни работи за: „Корекција на дол низ с. Грмен меѓу кв. 63 и кв. 65, подобрување на дол низ с. Огњаново меѓу кв. 48 и кв. 50“, општина Грмен, како и „Изградба на канализација за атмосферска вода во селата Бориево и Босилово“, општина Босилово.

План на Македонски.

План на Англиски.

План на Бугарски.