Дежурни маркети

дежурни маркети и ресторани на територијата на општина Босилово за време викендот 11 и 12 април 2020 г. работно време од 08-19 часот. Исклучиво за порачка по телефон и електронски со директна достава.

Јавен повик

Општинскиот кризен штаб при општина Босилово ги повикува сите продавници / маркети на територијата на општина Босилово на доброволна основа да се пријават да работат за време на викендот 11 и 12 април од 8 до 19 часот, за време на 24 забрана за движење(полициски час), да вршат директна достава на најнeопходните намирници до граѓаните по претходно примена нарачка по телефон или електронски..

Продавниците / маркетите коишто ќе се пријават од страна на општинскиот кризен штаб ќе добијат дозвола за работа како и дозвола за движење, за време на забраната, за нивен вработен/волонтер кој ќе врши директна достава врз основа на телефонска ии електронска нарачка .

 

Пријавувањето ќе се врши со пополнување на барање за дозвола.

Барањето може да се поднесе лично во општина Босилово или пак електронски.

Рок за поднесување најдоцна до четврток 09.04.2020 до 13.00 ч.

лично во општина Босилово или на емаил адреса: opstinabosilovo1@gmail.com.

Информации на 034-371-600, 075-665-816, 075-229-173, 078-436-237.


Општинскиот кризен штаб ќе достави листа на пријавени продавници/маркети и листа на лица кои ќе вршат достава во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено извршување на доставата за време на забраната за движење.

СИТЕ економски оператори ( продавници/маркети) треба да поднесат барање со следните податоци:

– за фирмата– назив, адреса на седиште , даночен број , контакт телефон, име и презиме на управителот, ЕМБГ, адреса , контакт тел.

– за Продавницата / маркетот– назив , адреса , контакт

– за вработениот или волонтерот — име и презиме на за достава, адреса, ЕМБГ, контакт.


Дозволи ке се издаваат најмногу за двајца во еден маркет.

Ве молиме за навремено да поднесете барање, за да се издаде навреме

дозволата.

09.04.2020 г. ОПШТИНА БОСИЛОВО

Босилово Општински кризен штаб

Командант

ЗОРАН ЗИМБАКОВ

Волонтери

ПОЧИТУВАНИ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

ВО ВРСКА СО СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНА ВИРУСОТ (KOVIT19), ОПШТИНА БОСИЛОВО И ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОТВАРА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕРИ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПОМОШ КОН СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА, КАКО И ПОМОШ НА СТАРИ, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА, ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ВРСКА СО НАБАВКА НА

СРЕДСТВА, АРТИКЛИ, ЛЕКОВИ И СЛИЧНО КОИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ, А СО ЦЕЛ ИСТИТЕ ДА НЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ДОМА И ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА РИЗИК

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ВОЛОНТЕРИ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН

ОД 9,30-13,30 НА ТЕЛ. БРОЈ 034-371-600 , 078-436-237,075 229 173 и 075 665 816, КАДЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОБИЈАТ

И ДРУГИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ.

Донации

ПОЧИТУВАНИ СОПСТВЕНИЦИ НА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ, ПОЧИТУВАНИ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

ВО ВРСКА СО СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНА ВИРУСОТ (KOVIT19), А СО ЦЕЛ ПОМАГАЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И ЛИЦА ОД ОПШТИНА БОСИЛОВО, КАКО И ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ,
ОПШТИНА БОСИЛОВО И ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ГИ ИЗВЕСТУВА СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ САКААТ И СЕ СПРЕМНИ ДА ДОНИРААТ ХРАНА, СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА, ОБЛЕКА, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И СЛИЧНО ДЕКА ТОА МОЖАТ ДА ГО СТОРАТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 09,30 -13,30 часот, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР ВО БОСИЛОВО СО ПРЕТХОДНА НАЈАВА НА ТЕЛ. 034-371-600, 078-436-237, 075 229 173 и 075 665 816.
ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ЌЕ ОДРЕДИ КРИТЕРИИУМИ ПО КОЈ КЕ СЕ РАСПРЕДЕЛУВА ПРИСТИГНАТАТА ПОМОШ И ПРЕКУ ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ЈА ДИСТРИБУИРА ДО СЕМЕЈСТВАТА НА КОИ ИМ Е НЕОПХОДНА.
ОПШТИНА БОСИЛОВО И ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН УПАТУВА БЛАГОДАРНОСТ
НА СИТЕ СУБЈЕКТИ КОИ ЌЕ ДОНИРААТ, ПОМАГАЈЌИ ДА ЈА ПОМИНЕМЕ ОВАА КРИЗА НА ОПШТИНСКО НИВО, ДАВАЈЌИ ДОПРИНОС ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО.

АКЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА КОНТИНУИРАНО ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА КРИЗАТА.

♯ ДА ПОМОГНЕМЕ НА ОНИЕ ШТО НЕМААТ♯
♯ ХУМАНОСТА НА ДЕЛО♯

—————————————————————————–

Важна информација за земјоделците

ВАЖНА   ИНФОРМАЦИЈА   ЗА   ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ !!!

 

Почитувани ,

 

Во врска со забраната за движење ( полицискиот час ),  сите земјоделци (фармери) 

кои имат потреба за извршување на земјоделски работи за време на забраната

 за движење, од понеделник треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица за

да им се издаде дозвола за  ограничено движење, за извршување на

земјоделските работи .

За оваа потреба  ќе треба да пополнат БАРАЊЕ со задолжителни податоци, врз основа на кое ќе се издава дозволата.

Барањето се поднесува лично или на е-маил адресата pe.strumica@mzsv.gov.mk   

 

➡️  кратко појаснување :    

 

▪ ● Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци

 на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

 

1.Право на движење има само еден  (1)  член на земјоделско стопанство;

 

2.Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се

 издава согласност за лице постаро од 67 години;

 

3.Барањата се доставуваат лично или на е-маил pe.strumica@mzsv.gov.mk  

во подрачната единица на МЗШВ   -Струмица

(која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

 

4. Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

 

5. Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

 

6. Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

 

7.Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

 

8.Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

 

9. Сите дополнувања во текот на неделата се соважност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

 

10. Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесило податоците од ПЕ;

 

11. Во табелата мора да се наведе email адреса од земјоделец (или маил до кој има пристап)  бидејќи системот генерира дозвола за движење и истата ја испраќа до емаилот што го оставил земјоделецот.

 

#ДА СЕ ЗА ШТИТИМЕ !!

#ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА !!

# ПРОИЗВЕДУВАЈ И ШТИТИ ГО ЗДРАВЈЕТО !

Соопштение

Кризниот штаб при општина Босилово на состанокот одржан на 18.03.2020
ја разгледа актуелната состојба со корона вирусот во општината и предложи да се преземат соодветни мерки за справување на ширењето на пандемијата.

1.По единствената точка на дневниот ред градоначалникот на општина Босилово Зоран Зимбаков ги запозна присутните на состанокот со новонастанатата ситуација предизвикана од опасноста од корона вирусот во општината и тој истакна дека има сознанија дека во општината има дојдено граѓани кои се на работа во високоризичните земји пред се од Италија , а се немаат јавено кај надлежните здравствени органи да се проверат дали имаат симптоми на корона вирусот. Се донесе заклучок дека е неопходно да се стапи во контакт со овие лица и да им се укаже дека треба да се јават кај Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Струмица и да ја проверат општата здравствена состојба.
Градоначалникот на општина Босилово Зоран Зимбаков упати апел до сите граѓани и вработените во општина Босилово дека ситуацијата е доста сериозна и дека главна работа на локалната самоуправа е да го едуцира населението за да ги почитува мерките дадени од Министерството за здравство.
Општина Босилово изготви соопштение со кое ги известат граѓаните да неизлегуваат од дома без некои посебни потреби и да не доаѓаат во општината извесно време и доколку забележат нивни сограѓани кој се вратил од високоризичните земји да им се укаже да се јават на телефонските броеви дадени за таа цел:072-235-543.
Денес, постапувајки по донесените одлуки на крозниот штаб беше извршено прскање во општинскиот центар Босилово и во другите населени места, на локации каде има престој и голема фрекфренција на повеќе граѓани.

СООПШТЕНИЕ

Поради технички зафат на филтер станицата Иловица *чистење на базените) се известуваат корисниците кои се снабдуваат со вода , дека на ден 13.03.2020 година во периодот од 11.00 до 15.00 часот ќе има преќин на водоснабдувањето.
Ви благодариме за разбирањето.
ЈПКД ,,ОГРАЖДЕН,, Босилово
Директор
Митра Зафирова.