Второ авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Босилово дека на ден 22.08.2017 година (Вторник) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 23.08.2017 година (Среда) во истиот временски период.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 

Известување од Општинската Изборна Комисија

Се известуваат граѓаните на општина Босилово дека Увидот во Единствениот избирачки список за општина Босилово за спроведување на референдум на локално никво закажан на 03.09.2017 година, Државната изборна комисија ќе го спроведе во просториите на ОИК Босилово (Дом на културата во Босилово) во периодот од 11 до 15 август од 08:30 до 16:30 часот.

ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на компостери

Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци,Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

  • Кандидатот да биде жител на општина Босилово;

Потребни документи за пријавување се:

1. Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на општина Босилово.

  1. Копија од лична карта/пасош;

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на maja.doncheva@rdc.mk  или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на oпштина Босилово најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Милчев Стојан – Општина Босилово

Тел: 071-998-253

Е-мејл: s.milcev@hotmail.com

 

Поставена ограда на повеќенаменското игралиште во н.м Еднокуќево

Проектот за изградба на повеќенаменско игралиште во населено место Еднокуќево се реализира по предвидената динамика.

Реализирана е фазата изработка и монтажа на метална ограда околу теренот.

Следуваат другите фази од проектот и се очекува да заврши во предвидениот рок.

Мониторинг и еваулација на имплементацијата на проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово”

Во врска со проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово” , финансиран од Грант средства обезбедени од Европската унија преку ИПА предпристапните фондови, администрирани според правилата на Светска Банка,во просторијата на општина Босилово се одржа состанок на кој присуствуваа Mark Barett-тим лидер на проектот и Nedzat Bajrami-експерт инженер ,претставници на компанијата изведувач,компанијата надзор и Градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев со неговите соработници.

Целта на состанокот беше евалуација и мониторинг на имплементацијата на проектот.

Градоначалникот Љупчо Колев оствари средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ

Градоначалникот на о.Босилово Љупчо Колев  имаше средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ ,господинот Ulas Goktas и Ziya Saidov зад која стои турски капитал и која во нашиот регион планира изградба на акредитирана лабораторија која за основна цел ќе има соработка со компаниите и индивидуалните земјоделски производители со цел осовременување на земјоделското производство.

Претставниците на компанијата ги изложија своите планови а од страна на Градоначалникот добија ветување дека општина Босилово ќе им обезбеди целосна логистичка подршка во нивните активности.

Крводарителска акција во општина Босилово

Денес во просториите на Младинскиот едукативен центар во с.Босилово во организација на Црвен Крст – Струмица и Заводот за трансфузиологија се одржа редовна крводарителска акција за граѓаните од општина Босилово. Хуманоста овојпат ја покажаа 32 крводарители. Општина Босилово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.