Асфалтирање со поставување на цевки за одвод на атмосферски води во с. Дрвош

Општина Босилово започна со реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните улици и патишта за 2017 година.

Асфалтирана е улица во населеното место Дрвош во вкупна должина од 115 метри.
Во наредниот период ќе продолжи реализацијата на Програмата и во други населени места во општина Босилово.

Изградба на мост на ” Колешински канал”

При крај е со изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Бориево – општина Босилово и Колешино – општина Ново Село.
Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово.
Мостот ќе биде со должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Со изградбата на овој мост ќе реализираме уште едно барање на граѓаните од нашата општина а со тоа ќе се олесни движењето на населението од двете општини , ќе се обезбеди полесен пристап до земјоделските површини и ќе се зголеми безбедноста на ѓраѓаните.
По изградбата на мостот, општините Босилово и Ново Село ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на локалниот пат Бориево-Колешино, за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.

Состанок на Советот за превенција на општина Босилово

Локалниот  совет за превенција. на општина Босилово денес  со почеток во 11 часот одржи редовен состанок.

Тема на состанокот беше: „Превенција и заштита од пожари„. На состанокот беа присутни претставници на повеќе државни и локални  институции: 

– Министерство за внатрешни работи на РМ – Сектор за внатрешни работи Струмица

– Центар за управување со кризи – Струмица

– Дирекција за заштита и спасување – Струмица

– Територијална противпожарна единица – Струмица

– ЈП Македонски шуми – Шумско стопанство Беласица – Струмица

– ВП Струмичко Поле – Струмица 

– Ловно друштво Гоце Делчев – Босилово

– ООУ Кирил и Методија – Иловица

– ООУ Борис Трајковски – Моноспитово

– ООУ Гоце Делчев – Босилово.

Ученици од ООУ,,Св.Кирил и Методиј”-Иловица во посета на општина Босилово

Денес во посета на општина Босилово беа учениците  од четврто одделение од ООУ „св.Кирил и Методиј“ Иловица.  На оваа посета тие се запознаа со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, и со дел од општинската администрација. На средбата учениците беа запознаени со начинот на функционирање на општината, со дел од задачите и обврските кои таа ги има како и задачите на градоначалникот. Истите беа запознаени и со работата на Советот на општина Босилово, го разгледаа културно едукативниот центар за млади во Босилово како и сите канцеларии и одделенија во општинската зграда. Дел од учениците имаа и одредени прашања за градоначалникот при што добиа и соодветни одговори.

Концерт на КУД „Гоце Делчев“- Босилово

По повод денот на општина Босилово вчера на ден 09.04.2017 (Недела) се одржа целовечерен концерт на Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“- Босилово.

На манифестација свои настапи и точки имаа и: Ристе Гавровски , група „Пицикато“ и  Јовче Пандев.

„Бенли Таш“ – Камен на плодноста 2017

Река од трактори полни луѓе денеска се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Четврта година по ред, се возобновени обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион. Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај.

Крводарителска акција

Денес во просториите на Младинскиот едукативен центар во с.Босилово во организација на Црвен Крст – Струмица и Заводот за трансфузиологија се одржа редовна крводарителска акција за граѓаните од општина Босилово. Хуманоста овојпат ја покажаа 36 крводарители. Општина Босилово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.