Второ авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Босилово дека на ден 22.08.2017 година (Вторник) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 23.08.2017 година (Среда) во истиот временски период.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 

Мониторинг и еваулација на имплементацијата на проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово”

Во врска со проектот “Изградба на мост на река Tурија и дел од локален патен правец Босилово-Радово” , финансиран од Грант средства обезбедени од Европската унија преку ИПА предпристапните фондови, администрирани според правилата на Светска Банка,во просторијата на општина Босилово се одржа состанок на кој присуствуваа Mark Barett-тим лидер на проектот и Nedzat Bajrami-експерт инженер ,претставници на компанијата изведувач,компанијата надзор и Градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев со неговите соработници.

Целта на состанокот беше евалуација и мониторинг на имплементацијата на проектот.

Градоначалникот Љупчо Колев оствари средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ

Градоначалникот на о.Босилово Љупчо Колев  имаше средба со сопственикот и претставници на менаџерскиот тим на компанијата Проанализ ,господинот Ulas Goktas и Ziya Saidov зад која стои турски капитал и која во нашиот регион планира изградба на акредитирана лабораторија која за основна цел ќе има соработка со компаниите и индивидуалните земјоделски производители со цел осовременување на земјоделското производство.

Претставниците на компанијата ги изложија своите планови а од страна на Градоначалникот добија ветување дека општина Босилово ќе им обезбеди целосна логистичка подршка во нивните активности.

Крводарителска акција во општина Босилово

Денес во просториите на Младинскиот едукативен центар во с.Босилово во организација на Црвен Крст – Струмица и Заводот за трансфузиологија се одржа редовна крводарителска акција за граѓаните од општина Босилово. Хуманоста овојпат ја покажаа 32 крводарители. Општина Босилово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.

Одржана “Културна манифестација на песни и ора 2017” во с.Штука

И оваа година во населеното место Штука беше одржана третата по ред „Културна манифестација на песни и ора Кирил и Методиј – Штука 2015“. На оваа манифестација земаа учество повеќе културно уметнички друштва од земјава и КУД„Женска танцова група” од Бугарија.

Изградено повеќенаменско игралиште во Бориево

Граѓаните на село Бориево веќе може да го користат новото повеќенаменско спортско игралиште изградено во дворот на ПУ„Борис Трајковски” во Бориево.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Босилово.

Асфалтирање со поставување на цевки за одвод на атмосферски води во с. Дрвош

Општина Босилово започна со реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните улици и патишта за 2017 година.

Асфалтирана е улица во населеното место Дрвош во вкупна должина од 115 метри.
Во наредниот период ќе продолжи реализацијата на Програмата и во други населени места во општина Босилово.