Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1.Урбанистичко(урбано и рурално)планирање,издавање на одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон,уредување на просторот и уредување на градежно земјиште;
2.Заштита на животната средина и природата,во смисла на преземање мерки за заштита и спречување на загадување на водата,воздухот,земјиштето,заштита на природата,заштита од бучавата и нејонизирачко зрачење.
3.Локален економски развој,во смисла на планирање на локалниот економски развој,утврдување на развојни и структурни приоритети,водење на локална економска политика,подршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
4.Комунални дејности,во смисла на снабдување со вода за пиење,испорака на технолошка вода,одведување и прочистување на отпадни води,одведување и третман на атмосферски води,јавно осветлување,одржување на јавна чистота,собирање,транспортирање и третман и постанување со комунален цврст и технолошки отпад,уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници,одржување на гробовите,гробиштата и давање на погребални услуги,изградба,реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти,регулирање на режимот на сообраќајот,изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација,изградба и одржување на јавен простор за паркирање,отсранување на непрописно паркирани возила,отстранување на хаварисани возила од јавните површини,изградба и одржување на пазари,чистење на оџаците,одржување и користење на паркови,зеленило,парк-шуми и рекреативни површини,регулација,одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови,определување на имиња на улици,плоштади и други инфраструктурни објекти;
5.Култура,во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти,негување на фолклорот,обичаите,старите занаети и слични културни вредности,организирање на културни манифестации,поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
6.Социјална заштита и заштита на деца,во смисла на финасирање,инвестиции,одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари,остварување на социјални грижа за инвалидни лица,деца без родители и родителска грижа со воспитно-социјални проблеми,со посебни потреби,од еднородителски семејства како и деца од улица,лица изложени на социјален ризик,засегнати со злоупотреба на дрога,алкохол,подигање на свеста на населението,домување на деца со социјален ризик,остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
8.Образование,во смисла на основање,финансирање и администрирање на основни и средни училишта,во соработка со централната власт,во согласност со закон,како и организирање на превоз и исхрана на ученици како и нивно сместување во ученички домови;
9.Здравствена заштита,во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост,здравствено воспитување,унапредување на здравјето,превентивни активности,заштита на здравјето на работниците и заштита при работа,здравствен надзор над животната средина,надзор над заразните болести,помош на пациенти со специјални потреби и други области определени со закон;
10.Спроведување подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разузнавања,природни непогоди и други несреќи,како и од последиците предизвикани од нив;
11.Противпожарна заштита вршена на територијалната противпожарна единица;
12.Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
13.Други работи определени со закон.
- ГРАДОНАЧАЛНИК
Ристо Манчев
Тел.078 497 346
Email> ice_mancev@yahoo.com