Иформации за населението во Општина Босилово
11.508
Број на жители
5.857
Мажи
5.651
Жени
3.801
Број на домаќинства
160км²
Површина
16
Број на населени места
Старосна структура
2.315
од 0-19 години
6.027
од 20-60 години
3.166
над 60 години
Опис на општината
Со законот за територијална поделба на Република Северна Македонија (Службен вес на РМ бр. 49/96 ) формирана е општината Босилово, со вкупно 15 населени места. Во 2004 година, со нова територијална организација, Општината продолжува да егзистира, но сега со уште едно населено место во нејзинио состав ( вкупно 16 населени места) и тоa: Босилово, Турново, Радово, Иловица, Штука, Секирник, Бориево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Петралинци, Сарај, Гечерлија, Дрвош, Хамзали и Старо Балдовци.
Општина Босилово има своја историја како стара општина, која порано постоела односно уште во 1952 година, па се до 1963 година, кога биле укинати руралните општини. Бидејќи првото нејзино формирање е на 10 Април 1952 година – овој ден се слави како Ден (празник) на Општината.
Население
Според статистичките податоци од 2002 година, општината Босилово брои 14. 260 жители населени во 16 населени места и вкупен број на домаќинства од 3. 661. Просечниот број на членови во едно домаќинство изнесува 3, 90, додека пак просечната густина на населеност на општината изнесува 88 жители на км2.
Според националниот состав на населнието Општината, најголем број го сочинуваат Македонци (13. 649), Турци (495), Срби (8) и останати (84).
Врз основа на податоците од спроведениот Полис од 2002 година, во општина Босилово живеат 7.341 жители од машки пол, додека пак 6.191 житечи од женски пол.
Според школската подготовка, 3681 жители имаат некомплетно основно образование, 4. 272 жители се со завршено осноно образование, 2.478 жители се со средно образование, 170 жители имаат завршена виша школа, додека пак 130 жители се со високо образование, 1 жител со магистратура и 1 со докторат.
Според еконосмата активност во Општината, вкупно се активни 6. 259 жители од кои 4. 336 се вработени, а 1. 923 се невработени. Во групата на економски неактивни регистрирани се 4. 912 жители. Врз основа на овие податоци, можеме да заклучиме дека стапката на невработеност во општина Босилово изнесува 31. 5 % , а стапката ма вработеност 68, 5 % .
Гледано од аспект на вработеноста по сектори, најголем процент од населението (70,7 % ) се занимава со земјоделство, индустријата е застапена со 12, 6 %, додека пак услужните дејности со 16, 7%.
Историја на заедницата
Во поглед на историјата на заедницата, ќе дадеме краток оцврт на историјата на општинскиот центар Босилово.
Кога настанала населбата точно не се знае, бидејќи нема матријални остатоци. Од некои преданија, се дознава дека, оваа селска населба, лоцирана среде плодородната у раскошна Струмичка котлина, е основана на почетокот на турското владеење. Во 1519 година е спомената со името Босилово и во тоа време броела 33 христијански куќи и 4 муслимански семејства.
Според едно предание, селото во минатото имало друга местоположба. Се наоѓал0 на околу еден километар северно од денешната локација и се викало Нејчино, (населбата името го добила од машкото лично име Нејчо и од суфиксот “- ино “). Неговото соседно село било Драгомирово, во кое тогаш живееле дваесеттина ромски семејства, но оваа село било изгорено во почеток на дваесеттиот век, поточно, во 1913 година.
За време на турското ропство, земјиштето на кое е лоцирано сегашното Босилово било чифлик на неколку турски бегови. Инаку во атарот на селата Босилово (Нејчино) и Драгомирово, во тоа време свои чифлици имале: Мехмет- Бег, Зејни- Бег, Риза- бег, Ариф-Бег и други. Некои од беговите им дозволувале на чифлигарите на местото каде што е денешно Босилово да градат примитивни куќи. Така еден чифлигар, од Нејчино, според народното предание, по име Босилјан (Босилко, Босил), македонец по народност, прв изградил куќа. Подоцна, кога селото Нејчино било запалено и разурнато, беговите им помогнале и на другите Нејчани да изградат куќи околу новоградбата на Босилко. Така на тоа место била основана нова мала селска населба која според името на првонаселениот Босилко, по некаква аналогија е наречена Босилово. Всушност терминот Босилово е изведен од машкото лично име “Босил” и од суфиксот “-ово” – Босилово.
Според народната етимологија селото го добило името по украсното лековито растение босилек (босилок) кое го имало во секој куќен двор и од суфиксот “-ово” (со отпаѓање на “ек” од основниот збор при спојот Босилово).
Некои Босилчани на шега велат дека Босилово го добило името поради тоа што сите негови селани некогаш оделе “боси”. Има и предание дека некогаш старите босилчани “боси” оделе на “лов” на риби во Моноспитовското Блато и на Стара Река (река Струмица). Нив на шега ги викале “босиловци”, а населбата – Босиловци, односно Босилово.
Од времето на изградбата на првата куќа, во селото се изградиле и други куќи, а и самите бегови изградиле свои живеалишта. Така во центарот на селото, Муса-Бег изградил кула, а југоисточно од неа, Абдула-Бег изградил куќа со голем двор. Во 1842 година, македонското население изградило своја црква наречена “Свети Атанас”. Во селото имало и џамија чиишто остатоци биле забележливи се до 1895 година.
За време на турското владеење, во Босилово имало и турски семејства, но помногубројно било македонското население. Кога во околината на селото почнале да се движат комитите, Турците се преселиле во соседното село Еднокуќево, во кое живееле само муслимански семејства. Во почетокот на дваесеттиот век, селото било поплавено од Стара Река, со што била нанесена голема материјална штета. Но, растежот на селото бил незапирлив. Пред почетокот на Балканските војни, селото броело 70 куќи. Поголем растеж на селото е забележан во периодот меѓу двете Светски војни, особено по 1920 година. По Втората светска војна, селото бележи уште побрз развој. Во него никнуваат нови куќи, населението се зголемува, така што денес Босилово наликува на современа населба.