Се соопштува на граѓаните кои имаат земјоделски посеви во КО Бориево-вонград и КО Секирник дека барања до Комисијата за проценка на штета од елементарни и други непогоди за процена на штета од елементарната непогода – “град” што ја зафати општина Босилово на 1-ви Јули 2026 година ќе се примаат од 16-ти Јули до 24-ти Јули. Се повикуваат земјоделците кои имаат претрпено штета на своите земјоделски површини во атарите на населените места Бориево и Секирник од оваа елементарна непогода да поднесат барање за процена на штета во наведениот рок со важечки имотен лист, лична карта и трансакциска сметка.
