Согласно Законот за Животна средина и Методологијата за изработка на Локален Еколошки Акционен План усвоена од МЖСПП, Градоначалникот на општина Босилово покрена Иницијатива за изработка на Локален Еколошки Акционен План за општина Босилово ЛЕАП 2023-2029. Иницијативата беше усвоена од страна на Советот на општина Бoсилово при што се донесе Одлука за усвојување на иницијатива за изработка и отпочнување на постапка за изработка на ЛЕАП за општина Босилово.

ЛЕАП-от претставува највисок стратешки документ од локално значење за заштита и унапредување на животната средина, кој има за цел да ја оцени моменталната состојба на животната средина во повеќе тематски области, да ги идентификува еколошките проблеми, предложи мерки и активности за нивно неутрализирање и решавање, направи приоритизација за решавање на проблемите, како и имплементација на предложените мерки и активности.

Како стратешки плански документ е инициран од потребата на граѓаните за здрава и чиста животна средина, за креирање економија која ќе ги вградува вредностите на водите, воздухот, земјиштето, биодиверзитетот, природните вредности и реткости, во насока на обезбедување подобар стандард за живеење на граѓаните и одржливо користење на ресурсите.

Покрај тоа што ЛЕАП-от ќе биде главен патоказ при решавање на еколошките проблеми во општината, истовремено ќе биде и алатка за обезбедување на финансиски средства, потребни за имплементација на проектите и  активностите предвидени со овој акционен план. Целта на овој стратешки документ е да биде реален и одржлив, односно достижен во одреден временски период, во рамките на определен буџет.

ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (ЛЕАП) НА ОПШТИНА БОСИЛОВО

Коментари

коментари