Авионско прскање против комарци во Oпштина Босилово

На ден 11.06.2016 година во период од 04:30 часот до 09:30 часот во колку дозволат временските услови ќе се изврши првото авионско прскање против комарци, ако не истото ќе се изврши на 12.06.2016 година во истото време од 04:30 до 09:30 часот. Затоа ги информираме граѓаните да ги затворат пчелните семејства во дадениот период

Авионско прскање против комарци во Oпштина Босилово

На ден 22.07.2016 година во период од 04:30 часот до 09:30 часот до колку дозволат временските услови ќе се изврши второто авионско прскање против комарци ако не истото ќе се изврши на 25.07.2016 година во истото време од 04:30 до 09:30 часот. Затоа ги информираме граѓаните да ги затворат пчелните семејства во дадениот период.

Одржан состанок во врска со Проектот ,,Иловица”.

Денес во општина Босилово се одржа состанок со Државниот секретар за животна средина и просторно планирање- Соња Липиткова
Професор на градежен факултет- Милорад Јовановски , Градоначалникот на о.Ново село – Блажо Велков и претставници од Euromax Resources.

Одбележан патронатот на ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово

Основното општинско училиште “Борис Трајковски“- Моноспитово, го одбележа четвртиот патронен празник на своето училиште денот кога поранешниот претседател на Република Македонија роден во оваа населено место, е инаугуриран за претседател на Република Македонија.

Асфалтирање на локална улица во с.Робово

Општина Босилово ја спроведува Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година со финансиски средства обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на РМ.