О Г Л А С за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица – Трет циклус

Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

За таа цел во рамките на проектот објавен е повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Можност да се јават на повикот имаат производителите на овошни култури (сливи, јаболка и круши) и градинарски култури (пиперки и домати) од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

За учество на обуките планирано е да се изберат 40 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 60 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.

Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 50 грантисти, 20 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 30 производители на градинарски култури (од сите 6 општини).

Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.

Обуките ќе се организираат во периодот мај/јуни  2019 – октомври/ноември 2019 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2019 година или јануари 2020 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.

Крајниот рок за пријавување е 30 април 2019 година.

Prijava MK_Strumica

Oglas_grantovi za zemjodelci_tret ciklus_finalno pdf

Работна конференција

Општина Босилово

Локален совет за превенција

Работна конференција

05.04.2018

 

Дневен ред

13:00 Пристигање на учесниците

13:00-13:05 Отварање на работна конференција на ЛСП на општина Босилово

13:05-13:15 Обракање на началникот на СВР Струмица г-дин Танчо Пројковски

13:15-14:45 Презентација на ЛСП/ улогата на градоначалникот, важноста на полициското работење во зедницата – искуства и практики

 Началник на отсек за превенција – Хризантема Рендевска

14:45 – 15:00   – Дискусија

Со почит,

Општина Босилово

Градоначалник

Зоран Зимбаков

Работен состанок со Адиент Аутомотиве

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев имаше работен состанок со дел од менаџерскиот тим на фирмата Адиент Аутомотиве Струмица поранешен Џонсон Контролс.На состанокот се разговараше за можност за вработување на граѓани од општина Босилово во оваа реномирана странска компанија.

Еуромакс ресурси ќе ја финансира изградбата на новиот водовод во селата Иловица и Штука

Концесионерот на рудникот за бакар и злато Иловица, компанијата Еуромакс ресурси, ќе ја финансира изградбата на новиот водовод во селата Иловица и Штука.

Состанок со Euromax Resources и претставници од други компании.

Вчера во културно Едукативниот центар во Босилово беше одржана средба со представниците од компанијата Euromax Resources, и представници на D’Appolonia, UniCredit Bank, Societe Generale, Caterpillar Mining Finance (CAT) и Европска банка за обнова и развој (EBOR). Целта на средбата беше да се слушнат мислења од општините во врска со сите аспекти на проектот ИЛОВИЦА и да се слушнат сугестиите за подобрување на соработката помеѓу општините и Euromax.

ОГЛАС

Академија Силотер Струмица распишува јавен оглас за обука на ѕидари. Академијата поседува Решение за верификација на посебна програма за „Ѕидар“ со број 09-24 од 10.06.2015 од ЈУ Центар за образование на возрасните.