Триесет и трета седница на Советот на општина Босилово

Д н е в е н р ед :

1.Разгледување и усвојување на записникот од 32 седница на Советот на општина Босилово,одржана на 30.10.2019 година.

2.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Босилово за 2019 година.

3.Предлог-одлука за приоритетна изведба на техничка докуметација за Проект-„Канализациона мрежа во населените места Иловица и Штука“.

4.Предлог-Програма за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Босилово за сезоната 2019-2020 година.

5.Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување финансиски средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на Општинските патишта и улици во општина Босилово.

6.Предлог-Програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Босилово за 2020 година.

7.Предлог-одлука за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот.

8.Предлог-Годишен План за обуки на административните службеници за 2020.

9.Предлог-План за изработка на урбанистички планови во општина Босилово за 2020 година.

10.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за давање на времено користење без надомест на недвижни ствар –простор на Министерството за труд и социјална политика-Скопје,меѓуопштински центар за социјална работа-Струмица.

11.Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-деловен објект-чуварска куќа на к.п.бр.2336 во КО Иловица.

12.Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-деловен објект-чуварска куќа на к.п.бр.247 во КО Хамзали.

13. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект-станбен објект на к.п.бр.347 во КО Хамзали.

14.Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотеците во с.Моноспитово за изработка на Урбанистичли план на с.Моноспитово.

15. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на суводолици во с.Дрвош за изработка на Урбанистичли план на с.Д рвош.  16.Предлог-заклучок за задолжување на комуналниот инспектор во општина Босилово на сите јавни површини на територијата на општина Босилово да постави табли „Забрана за фрлање на смет“.

17.Разгледување на барања за финансиска помош до Советот на општина Босилово.

18.Советнички прашања.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Општина Босилово во партнерство со Црвен крст Струмица ќе организира БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ/КИ на СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И ИНВАЛИДИ.

Обуката ќе се спроведува во просториите на Црвен крст Струмица и ќе трае 3 месеци.

СЕ ПОВИКУВААТ сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат бесплатана обука за негуватели на стари и изнемоштени лица и инвалиди и да се стекнат со верификуван сертификат, ДА СЕ ПРИЈАВАТ во општина Босилово,секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот најдоцна до ЧЕТВРТОК 28.11.2019 ГОДИНА.После добивање на лиценцата ќе се понуди можност лицата да се вработат на територијта на општина Босилово како негуватели.Заинтересираните кандидати на самата обука можат подетално да се информираат за се што ги интересира во врска со склучувањето на договор за работа-услови,плата,динамика на работа и слично. ….

Тринаесетата седница на Југоисточниот плански регион

Вчера присусрвував на тринаесетата редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците или нивни претставници од сите десет општини во регионот. Покрај одлуките донесени на Советот, беше презентиран и проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, проект кој е во фаза на имплементација.

Соопштение

Почитувани сограѓани,

Ве известувам дека на ден 06.11.2019 година (среда) од 08:00 до 16:00 часот ,,ЕВН Македонија”, ќе се извршува редовна инспекција на регилационите преклопки на енергетскиот трансформатор во ТС 110/10 kV Сушица, и поради истиот технички зафат ,без напојување ќе остане и дел од општина Босилово, поточно населените места: Бориево, Моноспитово, Турново, Секирник, Штука, Иловица.

Возвратна посета на пензионерите од Обзор

Членови од Здружемието на пензионери од Кметството Обзор, Република Бугарија, денес ќе допатуват во повеќедневна возвратна посетат на општина Босилово. Домаќини се членовите на Здружението на пензионери од Општина Босилово.
Општина Босилово и Кметството Обзор, кои се збратимени и чија повеќегодишна соработка се оценува како пријателска со заеднички желби за унапредување во сите полиња, особено за опстојувањето и функционирањето на Здруженијата .
На повеќедневната средбата помеѓу двете здруженија, гостите меѓу другото ќе посетат повеќе населени места, но ќе се разменат и искуства и за работата на двете здруженија.

План и програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на општина Босилово за 2019 год

План и програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на општина Босилово за 2019 год.

Програма: File0001 File0002 File0003 File0004 File0005 File0006 File0007 File0008 File0009 File0010 File0011 File0012

С О П Ш Т Е Н И Е

С О П Ш Т Е Н И Е
Ве известуваме дека на ден 08.02.2019 година (ПЕТОК) во
организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран
Зимбаков ќе се одржи средба на Претседателот на Владата на
Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија,
Крешник Бектеши со граѓаните од Иловица и Штука во
Спортската сала во населено место Иловица, со почеток во 19:30
часот.
Ги покануваме граѓаните од општина Босилово да
присуствуваат на средбата.
                                                                                                                                                                                         ОПШТИНА
                                                                                                                                                                                         БОСИЛОВО

СООПШТЕНИЕ

На ден 16.01.2019 (Среда) од 09:00 до14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица и Општина Босилово организира акција за дарување на крв во Босилово. Се повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат во Центар за млади во с.Босилово. Да ја почнеме годината хумани како што ја завршивме
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.