Меморијален турнир во стрелање „Тони Танчев“

Во селото Иловица,на падините на планината Огражден се одржа тринаесетиот по ред меморијален турнир во стрелање глинени мети ,,Тони Танчев,,.Турнирот го отвори градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев. На турнирот учествуваа повеке натпреварувачи од неколку ловечки друштва од регионот ,а се натпреваруваа во дисциплината трап.
Турнирот традиционално секоја година се одржува на 15 мај по повод верскиот празник Св.Атанасиј Велики кој воедно претставува и селска слава на селото Иловица.
Турнирот го организираше подружницата на ловното друштво ,,Гоце Делчев,,Иловица во соработка со семејството на покојниот Тони Танчев и општина Босилово.

Работен состанок со Адиент Аутомотиве

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев имаше работен состанок со дел од менаџерскиот тим на фирмата Адиент Аутомотиве Струмица поранешен Џонсон Контролс.На состанокот се разговараше за можност за вработување на граѓани од општина Босилово во оваа реномирана странска компанија.

Изградба на мост на ” Колешински канал”

При крај е со изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Бориево – општина Босилово и Колешино – општина Ново Село.
Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово.
Мостот ќе биде со должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Со изградбата на овој мост ќе реализираме уште едно барање на граѓаните од нашата општина а со тоа ќе се олесни движењето на населението од двете општини , ќе се обезбеди полесен пристап до земјоделските површини и ќе се зголеми безбедноста на ѓраѓаните.
По изградбата на мостот, општините Босилово и Ново Село ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на локалниот пат Бориево-Колешино, за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.

Координативен состанок со Euromax Resources

Градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев зааедно со менаџерскиот тим на  Euromax Resources одржаа координативен состанок во врска со започнувањето на активностите за изградба на инфраструктурата за потребите на рудникот.