Река од трактори полни луѓе денеска се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Четврта година по ред, се возобновени обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион. Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај.
Денес во просториите на Младинскиот едукативен центар во с.Босилово во организација на Црвен Крст – Струмица и Заводот за трансфузиологија се одржа редовна крводарителска акција за граѓаните од општина Босилово. Хуманоста овојпат ја покажаа 36 крводарители. Општина Босилово ќе продолжи со организацијата на вакви хуманитарни акции и во наредниот период.
На ден 17.03.2017 година, Петок, по втор пат во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица, се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V и IX одделение. Натпреварот го организираше и го спроведе Стручниот Актив по англиски јазик, со помош на директорот и стручната служба при училиштето. На натпреварот земаа учество вкупно 24 ученика од кои: 11 ученика од V одделение и 13 ученика од IX одделение. Од V одделение, најуспешни беа следните ученици:
ученичката Симона Николова од ООУ Иловица освои прво место,
ученичката Кристина Панова од ПОУ Секирник го освои второто и
третото место му припадна на ученикот Костадин Зафиров од ООУ Иловица .
Од IX одделение најуспешни беа:
ученичката Трајанка Стоева од ООУ Иловица со освоено прво место,
второ место Милена Ковачева од ПОУ Секирник со освоено второ место и
третото место го освои Ружица Минова од ООУ Иловица.
Натпреварот го подржаа: , JumpingClay Македонија, аптека Фармака-Струмица, ЕКТА-Т, Струмица и наставниците од англиски јазик.
Градоначалникот на о.Босилово Г-дин Љупчо Колев денес потпиша договор за реконструкција, доградба и адаптација на Домот на културата во населено место Секирник.
Како изведувач се јавува фирмата ДГТУП Џови Компани ДООЕЛ.
Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку interreg-IPA програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија и ќе се спроведува во општина Босилово и општина Грмен.
Вкупниот буџет на двете општини е 412.111 евра од кои 229,676 евра се за општина Босилово.