Денес во просториите на општина Босилово претставниците на „ECORYS„ – Холандија со своите домашни експерти пред градоначалникот на општина Босилово ги претставија резултатите од спроведувањето на проектот:„Градење на ефективна и демократска локална власт„ во кој беше вклучена и општина Босилово.

Проектот беше насочен кон постигнување на резултати во следните четири области: процесите на децентрализација, следење на услуги на локалната власт, интегрирано општинско планирање и подобрување на услугите за жителите.

Општина Босилово активно учествуваше во реализацијата на проектните активности со свој тим на луѓе со што ги зголеми сопствените капацитети за градење на силна и одговорна локална власт.

 

Коментари

коментари