Почитувани граѓани, на 11.02.2026 година во Мултифункционалниот центар во Босилово ќе се одржи презентација на проект во врска со апликација за 30 % грант за зелен кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Категории на население кои може да аплицираат: Млади од 18 до 35години, жени како единствен или како главен носител на приход, роми, самохрани родители, со еден приход, со три или со повеќе деца, со лица со попреченост, приматели на дозанаки од странство, повратници од странство.
Кредитите се наменети за купување и инсталација на: Енергетски ефикасни прозорци, врати, застаклување, топлински пумпи, изолација на надворешни ѕидови, покриви, соларни колектори за топла вода, печки/котли на пелети, фотоволтаични системи и мнгоу други можности.

