Општинскиот кризен штаб при општина Босилово ги повикува сите продавници / маркети на територијата на општина Босилово на доброволна основа да се пријават да работат за време на викендот 11 и 12 април од 8 до 19 часот, за време на 24 забрана за движење(полициски час), да вршат директна достава на најнeопходните намирници до граѓаните по претходно примена нарачка по телефон или електронски..
Продавниците / маркетите коишто ќе се пријават од страна на општинскиот кризен штаб ќе добијат дозвола за работа како и дозвола за движење, за време на забраната, за нивен вработен/волонтер кој ќе врши директна достава врз основа на телефонска ии електронска нарачка .
Пријавувањето ќе се врши со пополнување на барање за дозвола.
Барањето може да се поднесе лично во општина Босилово или пак електронски.
Рок за поднесување најдоцна до четврток 09.04.2020 до 13.00 ч.
лично во општина Босилово или на е–маил адреса: opstinabosilovo1@gmail.com.
Информации на 034-371-600, 075-665-816, 075-229-173, 078-436-237.
Општинскиот кризен штаб ќе достави листа на пријавени продавници/маркети и листа на лица кои ќе вршат достава во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено извршување на доставата за време на забраната за движење.
СИТЕ економски оператори ( продавници/маркети) треба да поднесат барање со следните податоци:
– за фирмата– назив, адреса на седиште , даночен број , контакт телефон, име и презиме на управителот, ЕМБГ, адреса , контакт тел.
– за Продавницата / маркетот– назив , адреса , контакт
– за вработениот или волонтерот — име и презиме на за достава, адреса, ЕМБГ, контакт.
Дозволи ке се издаваат најмногу за двајца во еден маркет.
Ве молиме за навремено да поднесете барање, за да се издаде навреме
дозволата.
09.04.2020 г. ОПШТИНА БОСИЛОВО
Босилово Општински кризен штаб
Командант
ЗОРАН ЗИМБАКОВ