
Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во Петтата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 27-ми Февруари (петок) со почеток од 17 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово.
Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

