Општина Босилово и оваа година ќе ја организира веќе традиционалната манифестација Ајверијада“.

Истата ќе се одржи на 28.09.2025 година (недела) во центарот на с.Босилово.

Заради навремено организирање на активностите околу овој настан ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакат доброволно да се вклучат во манифестацијата односно во подготовката на ајварот (печење, лупење, мелење и пржење на пиперки и модри патлиџани) да се пријават во општината за да се формират тимови за подготовка на ајвар.

Исто така Општина Босилово ги повикува сите граѓани на општината кои сакаат да продаваат сопствени домашни производи ( мед, млечни производи, ајвер, пиперки, патлиџани и слично) да се пријават во општина Босилово. Ќе биде обезбедена посебна локација во форма на продажни штандови.

Пријавувањето трае најдоцна до 21.09.2025 година на телефонските броеви: 071-307-887, 071-634-327

Коментари

коментари