Ни претставува особена чест да го поздравиме Македонскиот Олимписки Комитет кој како организатор на овогодинешното издание на ЕМОФ Скопје 2025 од 19.07. до 26.07.2025 година во Скопје и Куманово ќе ја обедини младинската спортска елита од цела Европа. Фестивалот на едно место ќе обедини повеќе од 4000 учесници од 48 европски држави и регионот, голем број на домашни и странски гости како и повеќе од 900 волонтери.
Овој мулти-спортски олимписки настан е одлична можност Македонија да биде домаќин на младите спортисти од цела Европа и да го претстави својот младински спортски потенцијал пред широката публика која го следи овој фестивал.
Со цел успешна реализација на фестивалските активности потребна е и поддршката од најважниот сектор за секој настан – волонтерите. Организаторите волонтерите ги сметаат за срцето на овој фестивал, повикот за аплицирање за волонтер на ЕМОФ Скопје 2025 е веќе отворен!
Во знак на поддршка ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат во овој спортски спектакл и да ја поднесат својата апликација за волонтер!
Заинтересираните може да аплицираат на следниот линк:
Повеќе информации за отворениот повик може да најдете на официјалните канали на фестивалот @skopje_2025, каналите на Македонскиот Олимписки Комитет @Macedonianolympics.

Коментари

коментари