Општина Босилово ги поканува своите жители да земат учество во првата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток од 16 часот, во ресторан “Мона Лиза“ -Радово. Транспарентно и одговорно, на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба да бидат финансирани преку оваа програма.
Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.