Заедничкиот акционен план е активност што ја спроведуваат двете страни – партнери во проектот – општина Грмен, област Благоевград, Република Бугарија и општина Босилово, Југоисточен регион, Република Северна Македонија, во рамките на проект финансиран од Европска Унија, во согласност со правилата на Interreg (Интеррег) – IPA II CBC програма Бугарија – Северна Македонија, назив на проектот: “Ефикасна превенција и ублажување на последиците од поплави во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“. Проектот е кофинансиран од национални средства од двете држави – бугарската влада, во однос на општина Грмен (Страната партнер 1 во рамките на Проектот) и Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија, во однос на општина Босилово (Страната партнер 2 во рамките на Проектот). Управувачкиот орган (УО) на проектот е бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи (МРРЈР) според Договорот за субвенционирање бр. РД 02-29- 232/29.09.2022 г., во рамките на програмата Интеррег – IRA II Програма за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006 Бугарија – Северна Македонија.
Овој Заеднички акционен план е изготвен од изведувач на услугата наведен од Водечкиот партнер (РР1) – Општина Грмен, според договор за услуги бр. 102 / 28.04.2023 г., склучен по единствена тендерска постапка, според општите правила на PRAG за Interreg – IPA II CBC Бугарија-Северна Македонија. Во моментот на изготвување на овој Заеднички акционен план, двете Страни-партнери истовремено започнаа со реализација на малите инвестиции предвидени со Договорот за субвенционирање, а поточно градежни работи за: „Корекција на дол низ с. Грмен меѓу кв. 63 и кв. 65, подобрување на дол низ с. Огњаново меѓу кв. 48 и кв. 50“, општина Грмен, како и „Изградба на канализација за атмосферска вода во селата Бориево и Босилово“, општина Босилово.

План на Македонски.

План на Англиски.

План на Бугарски. 

 

Коментари

коментари