Во просториите на информативно едукативниот центар Босилово на ден 07.05.2022 година се одржа конститутивната седница на локалното собрание за млади на Општина Босилово со кое заседаваше иницијативниот одбор каде за претседавач е избрана Ангела Атанасова, од Културно уметничкото друштво „Кирил и Методи“-Иловица.
На конститутивната седница беше избрана и Верификациона комисија во состав: Ана Клесова, Мите Трендов и Димче Манчев, чија задача е да го следи целокупниот процес при изборот на членовите на Локалниот младински совет.
Избрана е и комисија која до првата седница на Локалното собрание на млади има за задача да подготви Деловник за работа на Собранието. Во неа членуваат: Васил Гавровски, Љупче Стојанов и Наќе Барбутов.
Со формирањето на Локалното собрание за млади, продолжува постапката за основање на Локален младински совет, кое треба да биде претставничко тело на младите на локално ниво утврден со Законот за младинско учество и младински политики.
Задача на членовите на Локалното собрание за млади е во соработка со службеникот за млади, претставник на Општина Босилово, да распише јавен повик и да избере членови на Локалниот младински совет на Општина Босилово.