Известување!

-Согласно новите мерки на Владата за дополнителните ограничувања на движењето, Општинскиот кризен штаб на општина Босилово ги информира економските оператори (маркети и ресторанти за достава на храна) на територијата на општина Босилово, кои сакаат и ги исполнуваат условите да работат за време на полицискиот час,за деновите 18,19,20 да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Босилово.

-Барањето треба да е пополнето, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице и истото треба да се достави до архивата на општина Босилово најдоцна до 16.04.2020година, (четврток) до 11часот.

-Дозволите за работа се издаваат после нивното разгледување,најкасно четврток до 13:00 часот.
Работата на сите пријавители, треба да биде исклучиво преку нарачки по телефон или интернет а доставата на продуктите искличиво до домот на нарачателот.

– Контактите на економските оператори кои ќе побарат и добијат дозвола за работа за време на полицискиот час ќе бидат евидентирани во МВР Струмица а објавени на официјалниот веб сајт на општина Босилово и на општинската ФБ страна.

-Исто така повторно ги известуваме сите земјоделци,кои што не се евидентирани во ЕРЗС ситемот при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство а имаат потреба од извршување на земјоделски активности,во погоре наведените денови ,телефонски да го известат општинскиот кризен штаб еден ден однапред најдоцна до 20 часот,при тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

За сите информации граѓаните може да се обратат на телефонски броеви:

+38976468959
+38978436237 Во прилог,Барање за дозвола за работа за време на полициски час.

Коментари

коментари