ВАЖНА   ИНФОРМАЦИЈА   ЗА   ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ !!!

 

Почитувани ,

 

Во врска со забраната за движење ( полицискиот час ),  сите земјоделци (фармери) 

кои имат потреба за извршување на земјоделски работи за време на забраната

 за движење, од понеделник треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица за

да им се издаде дозвола за  ограничено движење, за извршување на

земјоделските работи .

За оваа потреба  ќе треба да пополнат БАРАЊЕ со задолжителни податоци, врз основа на кое ќе се издава дозволата.

Барањето се поднесува лично или на е-маил адресата pe.strumica@mzsv.gov.mk   

 

➡️  кратко појаснување :    

 

▪ ● Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци

 на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

 

1.Право на движење има само еден  (1)  член на земјоделско стопанство;

 

2.Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се

 издава согласност за лице постаро од 67 години;

 

3.Барањата се доставуваат лично или на е-маил pe.strumica@mzsv.gov.mk  

во подрачната единица на МЗШВ   -Струмица

(која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

 

4. Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

 

5. Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

 

6. Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

 

7.Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

 

8.Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

 

9. Сите дополнувања во текот на неделата се соважност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

 

10. Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесило податоците од ПЕ;

 

11. Во табелата мора да се наведе email адреса од земјоделец (или маил до кој има пристап)  бидејќи системот генерира дозвола за движење и истата ја испраќа до емаилот што го оставил земјоделецот.

 

#ДА СЕ ЗА ШТИТИМЕ !!

#ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА !!

# ПРОИЗВЕДУВАЈ И ШТИТИ ГО ЗДРАВЈЕТО !

Коментари

коментари