Кризниот штаб при општина Босилово на состанокот одржан на 18.03.2020
ја разгледа актуелната состојба со корона вирусот во општината и предложи да се преземат соодветни мерки за справување на ширењето на пандемијата.

1.По единствената точка на дневниот ред градоначалникот на општина Босилово Зоран Зимбаков ги запозна присутните на состанокот со новонастанатата ситуација предизвикана од опасноста од корона вирусот во општината и тој истакна дека има сознанија дека во општината има дојдено граѓани кои се на работа во високоризичните земји пред се од Италија , а се немаат јавено кај надлежните здравствени органи да се проверат дали имаат симптоми на корона вирусот. Се донесе заклучок дека е неопходно да се стапи во контакт со овие лица и да им се укаже дека треба да се јават кај Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Струмица и да ја проверат општата здравствена состојба.
Градоначалникот на општина Босилово Зоран Зимбаков упати апел до сите граѓани и вработените во општина Босилово дека ситуацијата е доста сериозна и дека главна работа на локалната самоуправа е да го едуцира населението за да ги почитува мерките дадени од Министерството за здравство.
Општина Босилово изготви соопштение со кое ги известат граѓаните да неизлегуваат од дома без некои посебни потреби и да не доаѓаат во општината извесно време и доколку забележат нивни сограѓани кој се вратил од високоризичните земји да им се укаже да се јават на телефонските броеви дадени за таа цел:072-235-543.
Денес, постапувајки по донесените одлуки на крозниот штаб беше извршено прскање во општинскиот центар Босилово и во другите населени места, на локации каде има престој и голема фрекфренција на повеќе граѓани.

Коментари

коментари