На ден 16.01.2019 (Среда) од 09:00 до14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица и Општина Босилово организира акција за дарување на крв во Босилово. Се повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат во Центар за млади во с.Босилово. Да ја почнеме годината хумани како што ја завршивме
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Коментари

коментари