Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на Република Македонија бр.209/2018 од 15.11.2018 година, Градоначалникот на општина Босилово објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
Со овој повик се повикуват сите доверители на општина Босилово и единките корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во општина Босилово со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Пријавата треба да содржи целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на доверителот, телефон за контакт и маил адреса, односно фотокопија од лична карта и телефон за контакт и маил адреса, за физички лица и сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на нејзината обврска.
Со пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Босилово или за единките корисници, доверителите треба да достават:
-
Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оригинал иливо копија заверена на нотар,
-
Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања или
-
Правен основ врз основа на кој настанала обврската (решение, пресуда, извршна исправа и сл.).
Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.
За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските на општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријаваат, ќе бидат дополнително известени.
По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.
Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.
Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 15 дена, и започнува да тече од наредниот ден од денот на објавување на повикот.
Повикот ќе биде објавен на огласната табла на општина Босилово, на веб страната на општина Босилово и во едно јавно гласило/медиум.
Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на општина Босилово с.Босилово бб, 2431 Босилово, со назнака за „Јавен Повик 01/2018 за пријава на доверители“, или по пошта со препорачана пратка.
Ненавремените пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.
Бр.09-3018/1 Општина Босилово
11.12.2018 година Градоначалник
Босилово Зоран Зимбаков