На ден 25.12.2017 година во просториите на ООУ Гоце Делчев с.Босилово  се одржа  завршен настан-промоција на проектни активности во рамките на проектот Намалување на емисиите на СО2 во ООУ Гоце Делчев с.Босилово со користење на биомаса.

Проектот се реализираше во периодот од месец јануари до  месец декември 2017 година и истиот беше финансиран од Глобален еколошки фонд (ГЕФ) Програма за мали грантови во Македонија, општина Босилово а реализиран од Здружение Центар за едукација и одржлива развој с.Иловица.

Преку проектот  во училиштето инсталирани се два котли на пелети  и од оваа грејна сезона   наместо нафта како енергенс за загревање се користат пелети.

Пред присутните на настанот (наставници, ученици и др.) беа презентирани и дигитална сликовница и студија на случај.Дигиталната сликовница беше изработена од текстови и цртежи на ученици од I до V одделение на тема енергетска ефикасност.

На присутните на настанот, како и на останатите ученици и наставници им беше поделен и  промотивен материјал со подетални податоци за проектот.

Коментари

коментари