Во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот“, ученици и наставници  од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Иловица, општина Босилово, учествуваа на тридневен „Зелен камп“ во Добриниште, Република Бугарија. Истиот се одржа  во периодот од 27-29 октомври 2017 година. На кампот учествуваа вкупно 30 ученици: 15 ученици од Р. Бугарија и 15 ученици од Р. Македонија.

Зелениот камп се одржа под мотото: „ГО ЦЕНИМЕ ЖИВОТОТ“. Основната ЦЕЛ на кампот беше да се подигне свеста и нивото на знаење на учениците од основното образование за правилно и ефикасно управување со отпадот. Исто така, настанот имаше за цел да обезбеди и директно учество на учениците во практични активности.

Учениците дискутираа за управувањето со отпад, за заштита на животната средина и како да се подобри квалитетот на животот,  учествуваа во креативни работилници и активности во природа. Исто така, имаа можност да посетат депонија според светски стандарди, како и  да присуствуваат на презентација на интерактивен модел на енергетски независна куќа.

„Зелениот камп“ беше одлична можност за учениците да научат, да откријат свои нови способности и таленти, да развиваат вештини, да работат во тимови, да се натпреваруваат, да се забавуваат и да создадат едни нови пријателства во една поинаква средина од училницата, која беше заменета со природа.

Коментари

коментари