Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци,Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:
- Кандидатот да биде жител на општина Босилово;
Потребни документи за пријавување се:
1. Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на општина Босилово.
- Копија од лична карта/пасош;
Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на maja.doncheva@rdc.mk или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на oпштина Босилово најдоцна до 20.08.2017 година.
Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.
За дополнителни информации контактирајте го следното лице:
Милчев Стојан – Општина Босилово
Тел: 071-998-253
Е-мејл: s.milcev@hotmail.com