Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија започна со спроведување на Проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)“, кој го спроведува заедно со Сојузот на производители на еколошка енергија од Бугарија (СПЕЕ – БГ).
Овој проект е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, Целта на проектот е да се воспостави подобар квалитет на животот во Југоисточниот регион, преку интензивирање и унапредување на прекуграничната соработка помеѓу граѓаните и институциите за заедничко решавање на еколошките проблеми поврзани со управување и спречување на загадувањето со отпад. Проектот ќе се спроведува во повеќе од 20 основни училишта кои се лоцирани во општините од Југоисточниот регион на Р. Македонија. Во рамки на проектот ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица е избрано да учествува во спроведување во проектните активности. Претставници од училиштето, Софија Митрова, наставник по англиски јазик и Македонка Алачова, психолог, учествуваа на дводневен форум на тема „Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации“, кој се одржи на ден 12 и 13 мај 2017 год. во хотел Есперанто, Струмица. На форумот земаа учество над 50 учесници од прекуграничниот регион во Македонија и Бугарија, здруженија на граѓани и претставници од локалната самоуправа. Главната цел беше, претставниците од двата погранични региони да имаат можност да поразговараат за моменталната сосотојба на образовниот систем во делот со управување со отпад, предизвиците, потешкотиите, како и предностите на општетсвото од создавање на правилни навики кај популацијата за управувањесо отпад од најрана возраст. Со проектните активности ќе се продожи во блиската иднина.