Членови на КУД „Русалии„ – с. Секирник и КУД „Кирил и Методија„ – Иловица на ден 21.04.2017 учествуваа на фолклорен фестивал во Република Бугарија.
Седмиот фолклорен фестивал со наслов „Да пееме, да танцуваме„ го организира општина Грмен и традиционално се одржува секоја година во општина Грмен.
Фестивалот има интернационален карактер со учество на повеќе културно уметнички друштва од земјите на Југоисточна Европа.