Општина Босилово ја спроведува Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година со финансиски средства обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на РМ.

Деновиве во општината засилено се работи на изградбата односно асфалтирањето на повеќе локални улици предвидени во програмата.

Ќе се изврши асфалтирање на улиици во следните населени места: 
– Моноспитово со должина од 279 метри,
– Еднокуќево со должина од 115 метри,
– Робово со должина од 162 метри и
– Босилово со должина од 369 метри.
Вкупна должина = 925 метри.
Се очекува предвидените работи да бидат завршени до крајот на оваа недела.

Коментари

коментари